На што треба да се фокусирате за да го имате најдобриот секс во животот?
По долги години заедно монотонијата на поле секс настапува и во „најљубовните“ врски. Потребно е да ги размрдате работите.
Во животот губиме интерес за работите по одредено време, па така спласнува и страста во спалната соба.
За да имате одличен секс и по долги години заедно, треба да се фокусирате на различни работи за време на сексот.
На што треба да се фокусирате за да го имате најдобриот секс во животот?
Фокусирајте се на исполнување на фантазиите
Облечете за него униформа на докторка ако тоа му е сексуална фантазија, па тој нека ви ја изреализира фантазијата за секс на хаубата од автомобилот. Кажувајте си ги желбите отворено.
Фокусирајте се на чувствителните делови
Тој нека обрне специјално внимание на вашиот клиторис, а вие допирајте го во областа помеѓу тестисите и анусот.
Фокусирајте се на мирисите
Мирисите и вкусот се важен дел од задоволството. Ставете го парфемот што му се допаѓа и кажете му да ве измасира со некое есенцијално масло, кое има неодолив мирис за вас.
Фокусирајте се на долната облека
Можеби преку ноќ не можете да направите коцки на стомакот, но затоа можете да облечете заводлива долна облека која ќе го остави буден долго во ноќта.
Фокусирајте се на звуците
Добрата музика е задолжителна, но уште попотребно е комплетно да се опуштите и да бидете гласни со воздишките ако така се чувствувате во моментот. Тоа дополнително ќе го возбуди.
Фокусирајте се на филмовите за возрасни
Иако експертите не препорачуваат телевизор или компјутер во спалната соба, понекогаш потребни ви се за да вклучите некој филм за возрасни кој ќе донесе нови потези и енергија во вашата спална соба.
Фокусирајте се на местото
Заборавете на спалната, време е за секс на задното седиште од автомобилот или во природа на килимчето за пикник.
Фокусирајте се на секс играчките
Никогаш не е доцна за да го купите првиот вибратор и да го вклучите во играта.
С. С.| Црнобело