Жените се вљубуваат, за мажите е чисто задоволство - што точно се случува со женскиот мозок за време на сексот?
Кога станува збор за сексуалната привлечност, многу од луѓето инсистираат на тоа дека сè почнува од умот. Како што покажува голем број на истражувања, очигледно и сè завршува токму таму – во умот.
Низа испитувања преку следење на активноста на женскиот мозок за време на оргазмот покажале што точно се случува во мозокот за време на сексот.
Користејќи машини за обработка на слики, се проучувале мозоците на жените за време на доживувањето оргазам и се утврдило дека се активираат различни региони на мозокот, во зависност од тоа кој дел од телото е извор на сексуална возбуда.
Поточно, научниците идентификувале триесет различни делови од мозокот кои беа активирани, вклучувајќи ги и центрите одговорни за емоции, допир, радост, задоволство и меморија.
Два минути пред оргазмот се активирале центрите на мозокот поврзани со награда (тие, исто така, се активираат кога јадеме и пиеме). Непосредно пред оргазмот, се активирале и други региони на мозокот, како што е кортексот кој прима сензорни пораки на допир од сите делови на телото. Последната област на мозокот која се активирала беше хипоталамусот, контролниот центар кој ја регулира температурата, гладот, жедта и заморот.
Истражувачите, исто така, откриле дека сексуалната возбуда го ублажува женскиот нервен систем и го блокира чувството на болка, оставајќи само задоволство.
Истражувачите, исто така, откриле дека за време на сексот жените создаваат повисоки нивоа на окситоцин, хормонот кој емоционално нè поврзува со нашиот партнер.
Вреди да се напомене дека овој хормон е произведен во исти количини, без разлика дали станува збор за секс за една ноќ или сериозна врска.
Кај мажите пак оргазмот го стимулира нервниот систем да произведува повеќе допамин, хормонот за задоволство, а овој наплив може дури да предизвика и зависност
Затоа жените имаат поголема веројатност да се вљубат во маж откако ќе имаат секс со него, додека за мажите сексот е само наплив на едноставно задоволство.
(О)Милена | Црнобело