Што ќе ви се случи ако имате повеќе секс отколку што вашето тело може да поднесе?
Сексот е природна потреба и влијае позитивно на телото, но колку секс е премногу секс? Дали постои такво нешто?
За секоја личност дефиницијата за добар сексуален живот е поинаква и додека за некои е сосема во ред да имаат секс ретко, други сакаат да имаат по неколку пати на ден.
Сепак, дали многу секс може да биде премногу? Без разлика дали сте на одмор со саканата личност или во фазата на меден месец и сте фрлени на акција, дали сте се запрашале колку секс вашето тело може да поднесе?
Добрата вест е дека сè додека на вас и на партнерот ви е комфорно и сте среќни со темпото, не постои таква работа како премногу секс.
Сепак, ако претерате вашето тело може да покаже некои симптоми:
Сувост на вагината
По искусувувањето на предолг контакт и пенетрација, може да почувствувате сувост на вагината и болка долу.
Вагинални инфекции и инфекции на уринарниот тракт
Колку повеќе секс имате во кратко време, толку на телото му е потешко да произведе доволна доза природна навлажнетост, па така полесно може да дојде до инфекции. Тоа е знак од телото да направите пауза.
Можни се иритации, осипи и отекување на вагината. Исто така, pH вредноста на вагината во вакви ситуации не е на нормалното ниво, па полесно доаѓа до вагинални инфекции.
Семената течност има pH вредност 7, па тоа може да ги поддржи нездравите бактерии во вашата вагина и комбинирано со триењето од сексот да се зголемат шансите за развој на бактериите и нивно пристигнување до уринарниот тракт.
Знаци за инфекција се исцедоци, печење, поголема потреба за уринирање, болка, чуден мирис на вагината итн.
Иритација и сувост на пенисот
Кога мажите ќе ејакулираат 8-10 пати во текот на еден викенд, тоа може да им предизвика болка и непријатност на половиот орган и тоа во голема мера.
Запомнете дека сексот е природна потреба, а не начин за решавање на проблемите. Изборот е на двајцата партнери и тие треба да одлучат колку секс им е доволно.
С. С.| Црнобело