Кога е вистинското време за секс во новата врска?

Некои девојки одлучуваат да спијат со партнерот веднаш по првиот состанок, а други чекаат да помине извесно време за да преминат на тој чекор. Првите често се обвинуваат себе дека биле „лесни“ и дека со тоа си ја уништиле шансата за врска, додека пак вторите сметаат дека момчето „оладило“ само поради недостатокот на интимност.

koga-e-vistinskoto-vreme-za-seks-vo-novata-vrska-001.jpg

Оттука, се поставува прашањето дали постои вистинско време за прв секс во новата врска?

Сексолозите и стручњаците на ова поле се исто така збунети и немаат конкретен одговор на ваквото прашање. Според едни, на двајцата партнери им се доволни 36 часови за да се запознаат и да се впуштат во интимните игри.

Секако, тоа не значи дека се работи за последователни 36 часови, туку вкупна бројка на часови поминати заедно. На пример, доколку парот се гледа трипати неделно по три часа, потребни им е околу еден месец по првиот состанок за да стапат во интимни односи.

Според други, пак, потребно е да се почека повеќе од тоа, на пример, до првата изјава на љубов. Имено, кога зборовите „те сакам“ дошле пред сексот, врската била поуспешна во однос на онаа каде редоследот бил обратен.

Сепак, еден од клучните фактори е, секако, комуникацијата, а потоа и емотивното поврзување, кои делумно се развиваат пред да дојде до чинот на телесно поврзување.

Но, на пример, добриот секс после првиот состанок може да, на некој начин, вети долга врска која врз основа на сексуалното задоволство ќе се развие и во емоционална поврзаност. Ако првиот секс бил просечен или лош, веројатноста дека односот ќе се расипе пред воопшто да дојде до врска е доста голема.

Така, во суштина, не постои точен одговор на прашањето дали сексот после првиот состанок е грешка. Во некои случаи се покажал и како одлична појдовна точка, а некогаш и како вистинско промашување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg