3 ситуации во кои имате право и треба да одбиете секс
Понекогаш наместо задоволство, по сексот многу лесно може да останеме со чувство на разочараност и потиснатост. И тоа е веројатно затоа што сте кажале „да“ во погрешен момент.
За да не се ставате во ситуации во кои сексот не е задоволство, би требало да знаете дека имате право да го одбиете во следниве 3 ситуации:
Секс за да задоволите некој друг
Ако имате секс само за да ја исполните желбата на партнерот или „должноста“ како девојка или сопруга, заборавете. Слободно кажете дека нема да имате секс без да барате глупави изговори.
Секс во моментот кога сакате да правите нешто друго
Кога не сте сконцентрирани, односно со мислите сте на некое друго место, избегнувајте да имате секс.
Секс со погрешен човек
Ако не сте во врска и барате авантура, не го сфаќајте сексот здраво за готово. Кога ќе се најдете во таква ситуација, прво размислете дали утредента ќе сакате да ја избришете жешката секс авантура. Најчесто се работи за секс под дејство на алкохол, кој никогаш не би требало да го практикувате заради очигледни причини.
М. Д. | Црнобело