За време на сексот: Ситници кои жените ги засрамуваат, а мажите воопшто не ги приметуваат
Припадничките на понежниот пол се неретко преоптоварени со тоа каков впечаток ќе остават при водењето љубов со нов партнер.
Но, се чини дека сосема непотребно се грижат.
Постојат детали за кои момците немаат поим, ниту пак ги забележуваат во жарот на страста, колку и девојките да се уверени во спротивното.
Ова се ситниците кои жените ги засрамуваат, а мажите воопшто не ги забележуваат:
Колку пати се состанале пред да спијат заедно?
За разлика од жените, на мажите не им е грижа за бројката на состаноци на кои ќе мора да отидат, пред да имаат секс со девојката што им се допаѓа. Сеедно е дали е по првата или на деветтата средба.
Дали се „бапски“ гаќите што ги носи?
Во моментите на силна возбуда, мажот сигурно нема да обрне претерано внимание на големината, или, пак, дезенот на долната облека што таа ја носи. Впрочем, девојката и онака набрзо ќе остане без неа.
Зошто има презервативи во чантата?
Жените неретко ги загрижува и што ќе мисли мажот за нив, бидејќи си носат кутивче со кондоми. Може единствено да си помисли дека таа е личност која практикува сигурен секс.
Ќе го доживее ли со неа најдобриот секс во животот?
Никој не сака лошо да се покаже во постелата, ниту пак партнерот да разочара во кревет. Но, кога по првпат спиете со некого, сосема нормално е и да не ви биде најубавото искуство на сите времиња.
Го боли ли кога не сакајќи ќе го удри?
Заради случаен удар со лактот при слекувањето, девојките непотребно се извинуваат и по десетина минути. А, доволно е само да се насмевнат, да кажат „извини“ и да продолжат со акцијата.
Дали е тазе депилирана?
Мажите со сигурност нема да забележат дали жената дента се средила, или, пак, има некое влакненце повеќе.
Каков е амбиентот во собата?
Тие нема да приметат ни дали се запалени романтични свеќи во просторијата, ниту „сентиш“ музиката што свири во позадина. Фокусирани се исклучиво на девојката со која разменуваат нежности.
Се забележува ли разликата по соблекување на градникот?
Жените не треба да се грижат дали мажот ќе извикне „Измамен сум!“, откако конечно ќе ги здогледа нивните голи гради. Тој дефинитивно нема да го направи ова.
Колку пози промениле за време на сексот?
Девојките не се принудени да се докажуваат, испробувајќи ја секоја можна поза што ќе им падне на ум. Ако помеѓу партнерите постои хемија, тогаш ќе имаат доволно време за експериментирање.
Ќе потрае ли сексот цела ноќ?
Интимниот однос треба да трае доволно долг за и двајцата да постигнат оргазам. Тоа е сè.
Зошто ѝ е потребен лубрикант?
На жените не смее да им биде срам, доколку за попријатен интимен однос, имаат потреба од лубрикант. Ова не ја намалува нивната страствесност и сексуалност.
М. А. | Црнобело