Кога желбата за секс е посилна од глад - илустрации кои ќе ви ја размрдаат фантазијата (18+)
Со повеќе од 277 илјади следбеници на Инстаграм, италијанската илустраторка Фрида Кастели ги руши табуата и бариерите кога станува збор за сексуалните инхибиции.
Нејзините илустрации се она што се нарекува „еротика со одмереност и вкус“. Самата таа ја опишува својата работа како „еромантична“, што значи дека еротиката е помешана со доза романтика. Нешто без кое сексот е како пијалак без коцка мраз во жешките летни денови.
Фрида која е од Милано ја објавила првата еротска илустрација во април 2016 година и на почетокот не обрнувала многу внимание на моќта на споделувањето во виртуелниот свет.
Она што сакала да биде нејзин сопствен мал свет наскоро станал сечиј простор.
Фрида го опишува сексуалниот чин како „чиста и слатка интимност“, па токму затоа понекогаш ги покрива најинтимните делови со ѕвездички, иако признава дека тоа ја засмејува, фактот што некој може да се потресе или навреди од мало розово крукче.
Кога желбата за секс е посилна од глад, жед или која било друга потреба… погледнете го „еромантичниот“ свет на Фрида Кастели:
(О)Милена | Црнобело