Разликите пред и по брак, низ смешни илустрации во кои повеќето ќе се пронајдат
Животот пред брак е многу полесен, бидејќи потоа, многу работи се менуваат – однесувањето, навиките, а понекогаш, и човекот целосно се менува.
Во брак може да дознаете многу нови работи за партнерот и покрај тоа што сте биле долго заедно претходно.
Сега живеете заедно, постојано сте заедно, делите сè и многу прикриени ситници излегуваат на виделина.
Плус, приоритетите со сигурност ќе ви се променат, а оние кои го искусиле тоа, ќе се согласат со следниве илустрации:
Одговорностите стануваат поважни од било што друго
Ако порано сте ги прославувале сите годишнини и поважни датуми, сега може да немате време за такви „луксузи“.
Моментот кога ќе сфатите дека зрелоста се оценува на друг начин
Верувајте, таа ќе го цени тоа.
Животот претходно бил исполнет со слатки разговори
Но по бракот имате и поважни работи отколку „лигавење“ по телефон.
Сонот станува поважен од било што друго
Ако претходно сте биле подготвени да гледате филмови цела вечер, сега со сигурност некој ќе заспива уште на почеток на истиот.
Мирниот сон е приоритет
Ако пред брак можевте да се „стиснете“ и да спиете прегрнати и на мал кревет, во брак, најважна ќе ви биде удобноста за време на сонот.
Излегувањата не се задолжителни
Ако порано значело кога ќе се гледате секогаш да излегувате некаде, сега ќе ви биде важно само да бидете заедно, па дури и дома.
Природниот изглед станува поважен од 2-часовни подготовки
Ако порано сте се мислеле што да облечете и како да се средите, сега ќе сакате само да ви биде удобно бидејќи се чувствувате пријатно еден крај друг.
Совршеното тело веќе не е цел
Оваа желба и цел најчесто исчезнува после брак, бидејќи знаете дека вашиот партнер ве сака и уживате во тоа што сакате да го правите.
М. М. | Црнобело