Грешки кои често се прават во тазе врски и заради нив љубовта станува токсична
6. Замижувате пред алармантните знаци
Слушајте ги своите емоциите, сомнежи и двоумења. Ако нешто ве вознемирува кај партнерот, не се плашете да го кажете и да го разговарате тоа. Не се надевајте дека работите ќе се променат сами од себе.
7. Слепо верувате во мислењата на партнерот
Ако две личности се заедно, не мора да значи дека делат идентични мислења и ставови. Понекогаш е здраво да имате спротивставени мислења дури и за најбаналните работи.
Не верувајте слепо и не ги рефлектирајте мислењата на партнерот врз себе и вашата околина. Ризикувате да станете само незабележлива сенка на него/неа.
8. Љубоморни сте на секоја ситница
Стравот од осаменост или предавство кое ве следи од минатите врски не би требало да го пренесувате на новите.
Зошто мислите дека некој е должен да се објаснува за вашето бујно сценарио во главата кое предизвикало љубомора?
Престанете да го следите секој чекор на социјалните мрежи, да го проверувате секој негов/нејзин чекор и да се полните со негативна енергија само затоа што стиснал/а „лајк“ на туѓа фотографија.
9. Не знаете што да правите кога не сте со партнерот
Кога сте заљубени, нормално е да сакате да ја поминете секоја секунда заедно. Но, не треба да молите за внимание.
Не паѓајте во замката „што ако има друг/а додека не е со мене“, само затоа што еден час не сте се слушнале.
10. Не обрнувате внимание на променливото расположение
Ако на првиот состанок потенцијалниот партнер е постојано насмеан и полн со ентузијазам, а се истура на келнерот за најмалата ситница – внимателно.
Не го гледајте низ розови очила, отворете ги очите и не замижувајте пред променливото расположение, бидејќи тоа никогаш не е добар знак.
М. Д. | Црнобело