Исповеди на 6 жени: Зошто никогаш не мастурбирам?

Некои поради срам, други поради религиозни причини, трети поради тоа што сметаат дека партнерот ги задоволува сите нивни сексуални апетити.

ispovedi-na-6-zeni-zoshto-nikogash-ne-masturbiram.jpg

И покрај тоа што клиторисот е единствениот човеков орган кој е создаден само за сексуално задоволство, дел од жените чувствуваат срам за да се самозадоволуваат.

Тие велат дека самата помисла на мастурбација прави да се чувствуваат „нечисто“ и „очајно“.

Шест жени откриваат зошто никогаш не мастурбираат:

„Мислам дека сум премногу срамежлива. Дури и во сексот сум многу срамежлива и проблем ми е секој пат кога треба да започнам нешто ново, а не пак да се допирам самата себеси. Сигурна сум дека ако експериментирам, ќе ми се допадне, но тешкиот дел е да се започне. Исто така, страв ми е да не го направам тоа погрешно.“

„Главната причина поради која не мастурбирам е што се возбудувам само кога партнерот е до мене.“

„Не мастурбирам затоа што сметам дека се губи емоционалната и спиритуалната поврзаност со некој додека имаш секс. При мастурбација се фокусираш само на физичкото, а јас верувам дека сексот не е само физичка работа. Токму затоа и долго чекав додека да го пронајдам вистинскиот човек со кого ќе ја изгубам невиноста.“

„Потекнувам од религиозно семејство и начинот на кој сум воспитана ме спречува да го направам тоа. На самозадоволувањето гледам како на нешто забрането.“

„Секогаш кога сум расположена за секс се случува и мојот партнер да биде расположен за тоа, па тоа ми го решава проблемот. Сексот со него комплетно ме задоволува.“

„Некако чудна ми е идејата да се допирам долу самата и потсвесно нешто ме запира во тоа, но не велам дека никогаш нема да пробам.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg