Можете ли да и верувате?!
Голем број на мажи ќе се согласат дека имале лошо искуство со некоја од поранешните девојки, кои намерно или не, им ја разнишале самодовербата и...
... ги разочарале.
Прашањето е следно: Како знаете дека можете да и верувате на вашата следна девојка?
1. Ве запознала со пријателите
Доколку таа планира со вас само забава и да ве остави брзо, веројатно нема да се труди да ве запознава со своите пријатели и семејство.
Запознавањето на поголем круг на луѓе кои и се важни во животот е еден од знаците дека таа планира да ве задржи.
Но, ова ситуација можете да ја искористите и за други цели. Кога веќе сте ги запознале нејзините блиски, обрнете внимание како таа се однесува кон нив.
Дали им се обраќа со почит и им излегува во пресрет или пак е хистерична, некултурна и се' и пречи? Според тоа како таа се однесува со нив, можете да предвидите како таа ќе ве третира и вас.
Истото важи и ако постајно трачари и ги оговара своите блиски или поранешните партнери.
Едно е ако таа произлезе со соодветен став доколку нешто и пречи и ги објасни причините за тоа, но доколку секогаш оговара за секој, таа не е личност на која треба премногу да се потпирате.
2. Таа е посветена и отворена
Дали и колку ќе и верувате на вашата партнерка зависи и од тоа колку е таа посветена и отворена. Доколку се појавува во договореното време и брзо одговара на пропуштени повици и е пријатна кон околината, тогаш таа е посветена личност.
Од друга страна, доколку секогаш ги менува плановите, ви откажува во последен момент, ги крие своите планови кои не ве вклучуваат вас, веројатно имате причина да се грижите.
Во ред е доколку таа не ви поднесува точен распоред на активности и дневна рута на движење, но сосема нормално е и да имате идеја каде е и какви и се плановите.
3. Не сте ја фатиле во лага
Некои личности многу добро лажат и нив е тешко да ги фатите. Но, ако обрнете доволно внимание - и на најдобрите можете да ги фатите во лага.
Дури и малите лаги може да се сигнал за голем проблем. Кога ќе се соберат неколку мали лаги, станува една голема лага.
Не треба да бидете параноични, но обрнете внимание на она што таа ви го говори. Дури и ако за неа е тоа неважна и смешна лага, сепак бидете внимателни.