Жените може да ве намирисаат
Во желбата да се открие дали тоа што служи како "повик за секс" може да "се намириса", научниците спроведоа едно многу интересно истражување. Познато е...
... дека животинската сексуална комуникација е исклучиво преку ферoмоните - мажите ги испуштаат и со тоа ја "канат" женката на парење. Така на пример, инсектите се привлекуваат едни со други иако се километри одалечени.
Дали така фунционираат и луѓето?
Групи од по 20 хетеросексуалци биле замолени да престанат да користат дезедоранси и други козметички препарати во текот на неколку дена.
Потоа, додека гледале филмови со порнографска содржина, дадени им се перничиња за да ги стават под пазувите.
Подоцна нови преничиња се повторно ставени под пазувите, но во ситуации кога тие се потат, a не се сексуално возбудени.
На крај биле ангажирани 20 жени кои се согласиле да ги помирисаат перничињата и при тоа да им биде скениран мозокот со помош на магнетна резонанца.
Резултатите потврдиле дека женскиот мозок различно реагира на различни мириси на пот.
Нормално, се работи за несвесни реакции. Потта која се излачила од машките тела за време на гледањето на порнографски филмови го активирало десниот орбитофронтален кортекс. Тоа се деловите кои се одговорни за овие функции, но и за социјална реакција и емоции.
Врз основа на тоа, донесен е заклучок дека и ние, како и животните имаме несвесен систем за препознавање на сексуалните потреби.
Затоа, немојте да се изненадите доколку некоја дама во ваша близина заинтересирано ве надгледува - таа ги "намирисала" вашите намери.