3 женски трикови за полесна „процедура“ и позабавен орален секс
Опуштете се со оргазам, тренирајте го грлото и додадете сладок вкус таму долу.
Без разлика што во порно филмовите е прикажано така, не значи дека длабокото грло е синоним за одличен орален секс.
Најголемиот број нервни завршетоци на машкиот полов орган се всушност на врвот, па наместо длабоко грло можете да се концентрирате на него, а со раката да ги симулирате деловите каде вашата уста не може да допре.
Со неколку трикови олеснете си ја процедура и направете го оралниот секс позабавен:
Прво опуштете се со оргазам
Кога сакате да се покажете во најдобро светло за време на оралниот секс, а притоа размислувате за изведбата и загрижени сте каков вкус ќе има, најдобро е прво да се ослободите од напнатоста со некој оргазам.
На почеток, акцијата свртете ја кон ваше комплетно опуштање, а потоа кога партнерот ќе ја заврши добро работата, вратете му ја „услугата“.
Тренирајте го грлото
Потребно е подолго време, но со тренинг може да научите како да немате нагон за повраќање при длабоко грло.
Почнете така што за вежбање ќе користите чист прст, кој полека ќе го туркате кон задниот дел од вашето грло, сè додека не дојдете до моментот кога ќе почувствувате гадење. Релаксирајте го грлото и дишете низ нос, држејќи го така прстот 10 секунди, па потоа извадете.
Направете го ова неколку пати, а потоа одете подлабоко. Ќе забележите дека вашето грло станува сè помалку чувствително.
Додадете нешто благо
За да го промените вкусот не можете да направите многу. Велат дека правилниот начин на исхрана го подобрува вкусот на семената течност, но тоа сепак не е драстично.
Вие подобрете ја ситуацијата со додавање на нешто благо на неговиот полов орган. Шлаг, чоколаден прелив или некое овошје, изборот останува на вас.
Со малку трпение, вежба и креативност оралниот секс што му го пружате на партнерот ќе биде многу полесен и позабавен.
С. С. | Црнобело