Осаменоста е нездрава работа
Според последните истражувања, осамениот живот го дуплира ризикот од срцев инфаркт и други срцеви болести. Истражувањето спроведено на...
... 138 илјади возрасни лица помеѓу 30 и 70 години кое се базира на 3-годишно прочување, укажало на два индикатори на срцеви болести: осамениот живот и годините.
Истражувачите веруваат дека тоа е така поради лошите навики како што се пушење, дебелеење, поголем внес на холестерол и намаленото дружење со други луѓе кои се типични кај самците.
Истражувањето покажало како лицата кои живеат самостојно спаѓаат во ризична група, но не поради осамениот живот, туку поради лошите навики кои ги наметнува истиот. Значи ,самостојниот живот не е сам по себе ризичен, туку нездравиот животен стил кој се поврзува со осаениот живот.
Поради тоа, мажите се изложени на поголем ризик, бидејќи нивниот самечки живот значи лоша храна и малку здрави животни навики.