Добриот секс не значи вистинска љубов
Сексот кој е навистина добар, може да има силен ефект врз личноста. А, понекогаш, може и да ве прелаже дека имате вистински чувства и се вљубувате во партнерот, кога всушност, единственото вистинско нешто во целиот тој однос е оргазмот.
Постојат моменти кога хормоните може да ве прелажат и еве како почнувате да се самозалажувате дека вашата врска без обврска, прераснува во нешто посериозно:
Не е само секс
Како може да биде само секс кога тој ве гледа директно во очите и постојано ве бакнува и ве гушка? Тоа е неверојатно водење љубов и мислите дека мора да има чувства и надвор од спалната соба.
Тој се фокусира првенствено на туѓото задоволство
Не е себичен и секогаш прво се грижи партнерката да биде задоволена. Тоа предизвикува силна емотивна реакција и сигнализира чувства на среќа и задоволство.
Сексот е прилично забавен
Не станува збор за груб, перверзен или премногу романтичен секс. Тој е исполнет со смеа, безгрижен, лежерен и просто добар. Сексот е интимен и создава конфузија во чувствата, кадешто партнерот се поистоветува со љубов и романтика.
Хормоните се главните виновници
Оргазмот предизвикува лачење на т.н. среќни хормони, односно ендорфин. Колку почесто и повеќе имате добар секс, толку посреќни сте. Напливот на среќа прави да се чувствувате како да сте дел од нешто сериозно и срцето ви чука силно кога ви ѕвони на телефон или гледа во вас.
Станувате на некој начин зависни од таа среќа и мислите дека чувствувате нешто силно, кога всушност не се работи за ниту приближно нешто такво.
Силната хемија не е предуслов за добра љубовна врска
Толку добро си одговарате во спалната соба, што ве тера да помислите дека автоматски си одговарате и кога сте целосно облечени, секогаш, секаде. Само затоа што сексуалната поврзаност е силна, не значи дека може да се поврзете и на други нивоа.
Чувство на удобност покрај партнерот
Секој има несигурности поврзани со надворешниот изглед. Само затоа што со одреден партнер имате добар секс и не се срамите од вашето тело, односно сте се навикнале еден на друг, не значи дека чувствувате нешто длабоко кон него или ќе прерасне во нешто кое ветува долга заедничка иднина.
Се работи за навика и чувство на удобност покрај некого, ништо повеќе.
Сексот е многу подобар отколку со поранешното момче
Само затоа што сексот со новиот партнер е далеку подобар од оној кој го имавте со вашето последно момче, не значи дека сте вистински вљубени. Всушност, сексот никогаш и не треба да биде мерило за љубов или нивото на сериозност во една врска.
Бегство од реалниот свет
Кога имате добар секс со некого, самиот чин претставува бегство од реалноста која ве опкружува. Заборавате на проблемите дома и оние на работа и се фокусирате само на задоволството и релаксацијата кои одат во пакет заедно со сексот.
Што има лошо тука, освен делот каде што за момент мислите дека сте силно вљубени, дека се грижите за некого и дека некој се грижи за вас?
Крајниот заклучок – глад за наклоност
Ретко кој има толку многу време денес за постојано излегување и социјално дружење со цел да пронајде партнер. Па така, во моментот кога со одредена личност која ви се допаѓа си „кликнувате“ в кревет, автоматски добриот секс почнувате да го поистоветувате со сите други работи кои треба да се дел од една среќна љубовна врска – искреност, доверба, интимност, љубов.
Добриот секс е само добар секс. Кога во сите други работи не си одговарате со некого, не дозволувајте сексот да ве прелаже дека се работи за љубов и силни емоции.
(О)Милена | Црнобело