Илустрации: 9 правила за среќен брак кои е подобро да се прекршат
За бракот и среќниот живот во пар слушаме сè и сешто, секакви совети и мудрости. Но, некои правила постојат за да бидат прекршени.
А, овие илустрации сликовито ви објаснуваат зошто:
Никогаш не го лажете партнерот
Понекогаш, подобро е да кажете бела лага која знаете дека понатаму ама баш никако нема да се одрази на врската и љубовта. Поштедете го партнерот од детали, тука нема ништо страшно.
Жената треба да покаже слабост за мажот да може да изгледа посилно
Запаметете дека живеете во 21 век, во модерно време кога жените и мажите треба сами да си ја заслужат еднаквоста.
Не го користете сексот како начин за смирување
Понекогаш акцијата е многу поефикасен начин за смирување, посебно ако кавгата била без поента. Да не се лажеме, успева секој пат.
Поминувајте го секој можен момент заедно
Заеднички поминатите моменти се прекрасни само ако уживате во нив. Ако во моментот повеќе сакате да сте со пријателите или сами, тогаш направете го тоа во што уживате.
Мора да пронајдете заедничка страст
Страста не значи мачење по секоја цена. Држете се до она што ве прави индивидуално среќни.
Не се расправајте за ситници
Ова е до некаде точно, не се расправајте, туку културно посочете ги. Никако не ги премолчувајте.
Децата се секогаш на прво место
Секако дека секогаш треба да се грижите и да ги штитите. Но, не по цена да ја изгубите близината со партнерот.
Претворете го секој ден во празник и прослава
Нема потреба да правите нешто гламурозно без причина. Важно е да се чувствувате исполнето, дури и ако тоа е да седите на каучот и да пиете топло кафе.
Работете на врската
Ова е совет кој не треба да го сфаќате толку сериозно и униформирано. Некои луѓе сметаат дека работата на врската е да разговарате секојдневно на сериозни теми, а некогаш дури и со психијатар или брачен советник. Напротив, земете време и опуштете се заедно од сите напорни активности. Тоа делува подобро од било која друга работа.
М. Д. | Црнобело