10 митови за сексот кои треба да ги избришеме од постоење

Одредени верувања во врска со сексот се толку бизарни што просто не може да сфатите како некој може да верува во нив.

10-mitovi-za-seksot-koi-treba-da-gi-izbriseme-od-postoenje-001.jpg

Живееме во напредно и модерно време кога може да се едуцирате за секој аспект поврзан со сексот.

Време е овие небулозни тврдења конечно да ги избришеме од списокот на невистинити секс митови:

Сами може да си направите презерватив кога немате

Верувале или не, луѓето се обиделе да употребат проѕирна мала ќеса за замрзнување или фолија како замена за презерватив. Овие т.н. „направи сам“ презервативи може лесно да се лизнат, скинат и не заштитуваат од сексуално преносливи болести.

Направете си услуга и секогаш имајте доволно презервативи, наместо да употребувате вакви иновации.

Не може да забремениш во базен, море или када

Навистина не е важно каде имате секс, сè додека не се заштите шансите за бременост се реални. Само затоа што сте во вода не значи дека околностите драстично се менуваат.

Презервативите го уништуваат сексот

Постојат толку многу различни видови за заштита, вклучувајќи и презервативи дизајнирани со цел да го зголемат задоволството кај мажот и жената. Испробајте повеќе видови додека не го пронајдете оној кој најмногу ви одговара.

Не може да забремените за време на циклус

Без разлика кој период од месецот е, може да забремените доколку не сте заштитени. Шансите секако се многу помали, но можноста е присутна.

Повлекување на партнерот пред да доживее оргазам

Некои сè уште силно веруваат дека повлекувањето на партнерот надвор пред да ејакулира е најсигурниот метод кој ве штити од сексуално преносливи болести или бременост. Размислете повторно.

Мастурбирањето прекинува кога сте во врскa

Ова веројатно е еден од почудните митови поврзани со сексот. Мастурбацијата е природна, пожелна и е нешто што го прават и мажите и жените без оглед на тоа дали се во врска или не се.

Воедно, не бидете од оние кои упорно тврдат дека доколку партнерот е сосема задоволен нема да мастурбира, бидејќи нема никаква основана логика.

Два презервативи за двојна заштита

Доколку сте од оние по малку параноични луѓе кои сметаат дека носењето 2 презервативи ќе ви овозможи двојна заштита, заборавете на оваа невистина. Реалноста е дека шансите за извлекување на презервативот или кинење се големи во овој случај. Да не зборуваме за притисокот и непријатноста кај партнерот, како и сексот кој ќе биде прилично непријатен со 2 презервативи за обајцата.

Колку поголем – толку подобро

Големината на пенисот е ирелевантна кога станува збор за сексот. На крајот сè се сведува на вештината, искуството и партнерот кој или умее да ги „прочита“ вашите желби и да ви предизвика задоволство или нема поим што прави. Или пак едноставно е себичен.

Ананас и чоколадо за подобар вкус

Одредени филмови како „Сексот и градот“ нè натераа да поверуваме дека јадењата како ананас, пченица или пак чоколадо, го подобруваат вкусот на ејакулираната машка течност. Нема научни докази кои ги потврдуваат овие шпекулации, па не претерувајте со чоколадо и ананас пред сексуалниот однос.

Добриот секс доаѓа природно

Напротив, сексот е комуникација, постојано усовршување и значи да даваш и да земаш. Единствениот начин тој да биде прекрасен и близу совршен е постојано да се повторува и да се научи што точно ви е потребно вам и на партнерот.

Сите оние сцени каде што двајцата партнери си „кликнале“ во креветот веднаш се само една обична фарса.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg