Како да го вратите крај себе?
Гадно ја зафркнавте работата. Направивте голема глупост и сега патите. Вашиот сакан ве остави. Но, вие не сакате прекин. Постои ли можност...
да го вратите назад?
Се’ зависи од тоа која била причината за прекинот. И секако дали и тој чувстува нешто за вас се уште.
Ако сте сигурно во последново, тогаш е време да се потрудите и да ја освоите својата љубов назад.
1. Признајте ги грешките. Време е да се соочите со сите проблеми кои сте ги правеле и со сите грешки со кои сте го повредиле.
Прашајте го искрено да ви каже што му пречело. Разговарајте. Немојте да се навредите од работите кои ќе ви ги каже.
Секако, ако знаете дека се вистинити. Личноста која искрено се кае и ги признава своите грешки е на вистински пат.
2. Обидете се да се објасните себе си. Потрудете се да му ја објасните и својата страна. Без расправање, солзи и повишен тон.
Ако успеете да му доловите зошто сте направиле нешто, може да почне да ги гледа вашите грешки од поинаков агол.
3. Примајте ниски удари. Ако сте погрешиле мора да се носите со последиците. Секако дека за се постои граница.
Ако сте погрешиле, сега трпете. Но, и за тоа постои временски рок. Немојте да паѓате ниско.
4. Покажете дека ви значи. Покажете му ги своите емоции. Можеби веќе не е сигурен во вашите намери. Искрено признајте што сакате, што очекувате и што сте подготвени да дадете за возврат.
5. Изненадете го! Подгответе му убаво изненадување. Добро знаете што сака. Трудете се со ситни знаци на внимание да му покажете колку го познавате, колку знаете што сака и ќе направите да се чувствува пријатно.
6. Заведете го! Наведете го повторно да ве гледа заводнички. Бидете кокетни, но не претерувајте. Заведувањето треба да делува природно.
7. Бидете трпеливи. На секој му е потребно време за да прости. Дајте му време колку што му е потребно. Немојте да бидете наметливи.