Лекција: Женски оргазам
Женскиот оргазам е неисцрпна тема. Да се појавува почесто веројатно не би бил толку интересен. И да не е толку интензивен. Таинствен. И жените да...
...не го глумат.
Што треба да знаете?
1. Има цела ноќ.
Колку што мажите се оптеретени да издржат подолго во креветот, толку жените се под притисок да доживеат оргазам што побрзо.
Многу од нив го прават тоа за да не го повредат егото на мажот. Женскиот оргазам зависи од повеќе фактори. Мажите се само еден од нив.
Кажете и на саканата дека ја имате цела ноќ пред вас. Нека се опушти и нека ужива во секој дел од вашите секси игри.
Немојте да се замарате колку ќе издржите. Сексот нека биде релакирачки. На просечна жена и е потребно 15-40 минути за да доживее оргазам.
2. Заведете ја со сопствениот талент.
Најдобриот секс започнува многу пред да се соблечат алиштата. Вашиот талент може да биде силен афродизијак.
Од пеење караоке, до готвење или одлично подготвување коктели. И хуморот е талент. Едноставно – заведете ја со своите способности.
3. Поделете комплимент кога е гола.
Жените се грижат за својот изглед кога се голи. Доделете и комплимент за нејзиниот задник, нозе, коса...се она што ве возбудува. Таа ќе биде порелаксирана и возбудена.
4. Бидете нежни со градите.
Кога ќе ја започнете предиграта најважно е да бидете нежни со градите. Не се чувствителни само брадавиците. Нежни допири, бакнежи, лижење, галење – се е допуштено.
Колку е повозбудена брадавиците стануваат потемни и поцврсти. Така знаете дека сте на вистински пат.
5. Почнете мануелно.
Стимулација со раката е добар почеток. Клиторисот на почетокот е преосетлив за силен стисок и брз ритам. Затоа почнете полека.
Кружете со прстите е додека не се навлажни. Потоа почнете да експериментирате и со побрзи движења. Имајте на ум дека 90% од жените доживуваат оргазам благодарение на стимулација на клиторисот.