Колку чест треба да биде сексот, ако сте во здрава и среќна врска?
Секој пар, барем во еден период од својата врска, е убеден дека другите парови имаат повеќе секс од нив или некој од партнерите е сексуално незадоволен...
Еден од најголемите проблеми во откривањето на тоа што се подразбира под „нормален секс“ е што во анкетите и прашалниците, многу луѓе знаат да лажат.
Плус, за некои парови, многу секс знае да биде неколкупати неделно, а од друга страна, можете да имате двојка која е среќно заљубена, а има секс само еднаш во неделата или еднаш во месецот...
Ако тоа не претставува проблем за самата двојка, тогаш зошто би требало да биде проблем за другите?
Сè се сведува на тоа дека, сексот е избор меѓу двојката и не треба да биде воден од некои надворешни „правила и стандарди“.
Но, и покрај тоа, ако сè уште се чувствувате како да сте сексуално незадоволни, можеби отворено не сте комуницирале за тоа со другата страна или не сте изразиле на правилен начин.
Тоа значи, дека ако се чувствувате сексуално незадоволни, добро е да иницирате разговор за тоа и притоа, да внимавате кога го почнувате истиот. Пример, не е добра идеја да почнете да зборувате за вашиот сексуален живот за време на или веднаш по сексуалниот чин.
Одберете момент кога и двајцата ќе имате доволно време за сериозно да зборувате, отворено изјаснете се дека сакате да имате повеќе секс со личноста како и да појасните зошто сега сметате дека немате доволно секс со партнерот.
Н. Г. | Црнобело