Зошто мажите сакаат порно?
Во ноќта кога нивната партнерка оди во кревет, голем број мажи остануваат на компјутерот лутајќи по интернетот, но ги интересира само едно нешто...
...– порнографија.
Тие тврдат дека нивната мала ноќна навика нема врска со нивниот љубовен живот, но нивните партнерки не се баш уверени во тоа.
Се покажало дека нема простор за грижа – ако партнерката не изгледа како порно актерка не значи дека мажот не покажува интерес за неа. Тие едноставно сакаат нешто ново што ги возбудува.
Често се случува еден од партнерите да има поголем интерес за порнографија додека другиот тоа го гледа како проблем.
Истражувањата покажуваат дека само 5% од луѓето гледаат порнографија заради проблем во сексуалниот живот. Само во 2006 година порно индустријата на интернет заработила 13 милијарди долари.
Останува прашањето: Зошто толку мажи гледаат слики од голи луѓе?
Одговорот не е едноставен. Возбудата предизвикана од гледање порнографија е поврзана со многу мозочни делови.
Една од нивните теории е дека голема улога при тоа имаат огледалните неврони, мозочни станици кои реагираат на ист начин како кога чувствуваме допири. Од иста причина мажите сакаат фудбал, а жените романтични филмови.
Dr. Stambaugh еден од истражувачите на ова прашање тргнува од еволуцијата: “Машкиот мозок е таков што многу брзо се возбудува и затоа мажите се секогаш спремни на секс. Тоа е важен еволуциски фактор заради врамнотежување и преживување на врската.“
Жените треба да сфатат дека порнографијата за мажите не е никаков надомест, туку само уште една активност која ги весели. Таа може да биде добра за врската.