9 знаци дека имате одлична сексуална хемија со партнерот
Хемијата во креветот не само што влијае на вашиот сексуален живот, туку и општо на вашата врска.
Тоа не значи дека ако немате исто либидо или сакате различни работи, врската нема да ви успее, ама хемијата може да се „вежба“ и подобри.
Дали имате одлична сексуална хемија со партнерот?
1. Можете да комуницирате вербално, ама и без зборови. Едноставно одлично се разбирате во секоја ситуација и знаете што сака другата страна.
2. Си верувате еден на друг. Довербата во партнерот е од голема важност - да бидете сигурни дека добро го познава вашето тело и обратно, дека ве почитува и не ве осудува.
3. Не се плашите да експериментирате.
4. Ако сакате, можете веднаш сексуално да се возбудите еден со друг.
5. Сексот никогаш не го гледате како должност.
6. Никогаш не го сфаќате премногу сериозно. Опуштени сте еден пред друг и можете дури и да се смеете на глупави работи како на пример чукнување на главите или паѓање од кревет.
7. Сексот никогаш не се чувствувате како да е себичен. Никогаш не чувствувате како едниот да гледа да се задоволи само себеси, а другиот да остане незадоволен.
8. Можете отворено да зборувате за сè и сешто.
9. Еден на друг си давате до знаење дека сте посакувани. Правите сè другата личност да знае дека е секси и посакувана со допири, со зборови и погледи.
Н. Г. | Црнобело