Факти за врските кои секој треба да ги знае пред да стапи во брак
Иако сè помалку млади луѓе се одлучуваат да стапат во брак денес, истражувањата покажуваат дека бракот е една од најдобрите работи што можете да ги направите за себе.
Но, сепак добро е пред да се одлучите на таков чекор да ги знаете следниве факти:
Едно истражување на Универзитетот на Пенсилванија покажа дека Американците кои стапуваат во брак на 18 години, имаат стапка на развод од 60%, а оние кои стапуваат во брак на 23 години имаат стапка на развод од околу 30%.
Поголемата стапка за развод кај луѓето кои стапиле во брак на помлади години е затоа што тие не биле доволно зрели при изборот на соодветните партнери.
Откако ќе почнете да живеете заедно со партнерот, ќе сфатите дека имате различни приоритети и толеранција на нештата, како на пример - што е и што не е исчистено купатило.
Истражувањето на Националното биро за економски истражувања на САД, покажало дека бракот навистина може да доведе до зголемување на благосостојбата, а тоа е посебно изразено кај оние брачни партнери кои имаат блиско пријателство помеѓу себе.
Пријателството е клучен механизам што може да помогне во објаснувањето на причинско-последична врска помеѓу бракот и задоволство од животот.
Во повеќе истражувања, паровите кои активно заеднички ги прославуваат добрите вести (наместо активно или пасивно да ги отфрлат) имаат повисока стапка на благосостојба на врската.
Исто така, едно истражување спроведено врз 3.000 неодамна оженети и разведени парови, открива дека возрасната разлика соодветствува на потенцијалната можност за идни проблеми во бракот.
Имено, согласно истражувањето, едногодишната разлика во возраста на двојката, ги зголемува за 3% шансите за развод (во споредба со партнери од иста возраст); 5-годишната разлика, прави 18% поголема веројатност да се разделат, а разлика од 10 години прави 39% поголема веројатност за развод.
Над 60% од испитаниците велат дека грижата за домашните обврски има клучна улога во одржување на успешен брак.
Авторката Пола Шуцман препорачува систем, каде што секој човек е специјализиран за задолженија во кои е најдобар. Па така, доколку сте подобри во миење садови, отколку во чистење на бањата, тогаш тоа треба да биде една од вашите домашни обврски.
Извршувајќи ги нештата во кои сте подобри, заштедувате повеќе време, бидејќи истите ги правите побрзо, а крајниот епилог е дека заедно со партнерот заштедувате колективно време, кое секако може да го искористите за нешта во кои заедно уживате.
М. С. | Црнобело