Зошто предиграта е мојот омилен дел од сексот?
Забавна, сензуална, интимна, ова се само неколку работи поради кои ја сакаме предиграта, чинот кој му претходи на сексуалниот однос.
Сите гледаме сцени кога партнерите завршуваат работа „на брзина“ и можеби има нешто привлечно во брзиот див секс, но кога имате доволно време, никако немојте да ја скокнувате предиграта.
Еве зошто:
Го подгрева расположението
Кога поминувате низ особено стресен период, добрата предигра ги брише сите траги од лошиот ден.
Дури и кога не размислувате да имате секс, квалитетната предигра може да ве натера да го смените мислењето.
Го зголемува навлажнувањето
Сексот умее да биде прилично непријатен, доколку не сте добро навлажнети. Некои преферираат лубриканти, и тоа е сосема во ред, но нема ништо подобро од природното влажнење. А предиграта го нуди токму тоа.
Влијае на интимноста во врската
Предиграта може да варира, од нежна и сензуална, до груба и малку дива, но во секој случај овозможува особено интимно поврзување со партнерот.
Без брзање, дозволете си да го истражите секој дел од телото на вашиот партнер и обратно.
Предиграта ја поседува моќта да го почувствувате партнерот особено блиску до вас, на едно многу повисоко интимно ниво, за разлика од сексот.
Никогаш не е досадна
Имате навистина многу активности „на менито“ со кои може да се занимавате. Скоро и да не постојат граници, секој дел од вашата фантазија може да се стане реалност во текот на предиграта. Бакнување, грицкање, лижење, нежно удирање... изборот е ваш.
Предиграта прави вистински да сакате секс
Понекогаш имате секс, само за да ја исполните обврската, без некое особено уживање.
Но, предиграта ги исполнува предиспозициите вистински да го посакувате партнерот со секоја клетка во вашето тело.
Предиграта е одлична за експериментирање
Таа не вклучува само бакнување и триење. Може да се обидете со стриптиз или еротска масажа. Предиграта е одлична можност да откриете што ви се допаѓа и што ве „пали“.
Поттикнува искрена комуникација
За време на предиграта имате чувство дека можете да му кажете сè на партнерот. Чувствувате слобода да зборувате не само за сексот, туку и за емоциите и работите кои се плашите да ги изговорите на глас.
Предиграта ја зголемува самодовербата
Едноставно се чувствувате како кралица во креветот. Кога партнерот го бакнува вашето тело од глава до петици, ја чувствувате неговата вљубеност и привлечноста која тој ја чувствува кон вас. Зарем има подобро чувство од тоа?
Го интензивира оргазмот
Добрата предигра го релаксира целото тело, а кога сте целосно опуштени оргазмот е појак и поинтензивен. Токму затоа сексот е најдобар со некого кого добро го познавате и му верувате.
Заради сите овие причини и многу повеќе, никогаш не прескокнувајте ја предиграта.
(O)Милена | Црнобело