Кога молчењето е злато

Убаво е да се има искрена врска без тајни. Но, понекогаш сепак е подобро некои работи да ги премолчите. Ако не знаете што никогаш не...

 

... смеете да му кажете на своето момче, погледнете ги следниве неколку работи.

Факт е дека жени се 'дрдорки', факт и дека е фантастично да се има врска брз тајни, но жените мора да бидат свесни дека постојат реченици, изјави и коментари кои мажите не смеат да слушнат.

"И мојот поранешен тоа го правеше"

Без разлика на тоа дали сакате сегашното момче да го споредувате со поранешното во некој позитивен или негативен контекст, задржете го овој коментар за себе. Веројатно не сакате вашето сегашно момче да мисли на вашиот поранешен или уште полошо - да помисли дека не сте го преболеле?!

"Еднаш кога ќе се венчаме и ќе имаме деца"koga-molcenjeto-e-zlato-1

Не е лошо да мечтаете за иднината и заедничките планови, романтично венчавање и имиња за децата, но подобро е тие работи повеќе да ги дискутирате со вашите пријателки. Мажите често се плашат од сериозни планови. Се во свое време.

"Мислиш ли дека онаа девојка е убава"

Избегнувајте да ги коментирате останатите девојки со вашето момче. Ако го прашате дали мисли дека некоја девојка е убава, ќе го доведете во непријатна ситуација. Ако каже дека е убава, ќе очекува љубоморен напад. Ако каже дека не е, нормално дека ќе му замерите бидејќи ве лаже! Во секој случај, не се расправајте за непотребни работи. Нормално дека мисли дека таа девојка е убава, но, тој е со вас - значи вие сте неговиот избор. Немојте да го упропастите тоа!

"Не сум доволно добра за тебе"

Ако вашето момче навистина го мисли ова - тогаш тој не би бил со вас. Мажите сакаат самоуверени жени, но ако мора секој ден да слуша како тоа за себе имате негативно и разочарувачко мислење (пр. имам вишок на килограми, имам целулит, неупешна сум на работното поле и сл.), едноставно ќе го одбиете од себе.

"Ги мразам твоите пријателки /мајка ти/ твоето друштво"

Не мора со секој член од семејството или друштвото на вашето момче совршено да се сложувате и да ви се допаѓа. Но, обидете се да бидете внимателни и учтиви со личностите кои му се драги на вашето момче и за кои тој се грижи. Не барајте никогаш да бира помеѓу нив и вас.

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg