Каде водите љубов?

kade-vodite-ljubov-povekjeТокму тоа може да го откриете на новиот веб сајт "IJustMadeLove.com", кој ја комбинира GPS технологијата и картите на Google од целиот свет.

 

Страницата ја дизајнирал еден млад полски компјутерски експерт, 26 годишниот Cyprian Ciećkiewicz.

Младиот експерт ја добил таа идеjа додека се возел низ Варшава и западнал во сообраќајна гужва. Додека му било досадно низ главата му поминувале разни идеи, од кои една била токму оваа.

Тој размислувал каде се низ светот луѓето водат љубов додека тој седи со часови во својот автомобил. Веднаш започнал со изработка на веб сајт кој бил отворен пред еден месец.

За многу кратко време веб страната станала многу популарна и на неа се вклучувале луѓе од Азија па се до Лас Вегас.

Во моментот страницата има 78.000 членови, а секоја секунда тој број се зголемува. Правилата за користење на оваа страна се многу едноставни и јасни.

Се' што треба да направите е да ја посетите, да ја впишете својата e-mail адреса и во моментот кога водите љубов да се логирате на вашиот e-mail.

Локацијата се одредува според GPS. Kако дополнителни можности ви се препуштени пишувањето на вашиот пол, положбата во која водите љубов и дали користите заштита.

kade-vodite-ljubov

http://www.ijustmadelove.com/

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg