Добри причини кои ќе ве натераат да имате секс наутро
Поголемиот дел од паровите преферираат интимна вечер, наспроти интимно утро, тогаш кога речиси ништо не можеме да видиме и само едно сетило станува почувствително - сетилото за допир.
Меѓутоа, експертите тврдат дека би било паметно во дневната рутина да го вклучите и утринскиот секс од бројни причини како расположение, здравје и подобра меѓусебна комуникација.
5 главни причини зошто треба да имате утрински секс:
1. На сите им е познато дека сексот троши еднаков број на калории како и макотрпниот тренинг. Зошто тогаш дневната доза вежби да не ја направите рано наутро и подобро да се расоните?
2. Оргазмот го лачи хормонот на среќата и нè ослободува од стресот, така што нема потреба од одложување, туку можете на најдобар можен начин да го започнете денот.
3. Утринскиот оргазам го јакне имунитетот. Го зголемува производството на антитела кои се важни за отпорноста на организмот.
4. Психолозите тврдат дека утринскиот секс ја зголемува привлечноста меѓу парот.
5. Наутро поголема е веројатноста дека веќе сте само по долната облека, па нема да губите многу време, туку директно можете да преминете на акција.
Н. Г. | Црнобело