Имате девојка - диктатор?
Можете ли да се сетите кога последен пат без двоумење сте го кажале сопственото мислење? Кога последен пат сте донеле самостојна одлука? Дали...
... постојано се браните и морате да го оправдате секој ваш чекор? Има ли ваквото однесување некаква врска со вашата девојка?!
Постојат типови на девојки наречени "диктаторки" кои секогаш сакаат се да биде како што тие сакаат. Тоа е така спакувано така што честите причини за нејзиното 'диктирање' се оправдува со тоа дека таа тоа го прави за општо добро, зошто таа подобро и повеќе знае на таа тема...
Постојат момци на кои ваквиот тип на девојка комплетно им одговара, но постојат и онакви кои доминацијата на девојката ги прави несигурни. Ако вие се наоѓате во оваа втора група, ова се само некои од знаците кои укажуваат на тоа дека вашата девојка е диктаторка:
- постојано ве бара и ве проверува кај сте и со кој сте
- таа ја планира вашата кариера
- таа го планира заедничкиот буџет
- таа е секогаш во право и знае подобро од вас
- таа ги носи сите заеднички одлуки, но и оние кои се само ваши
- таа ги бира вашите пријатели
- таа одредува колку време ќе седите со вашите родители и таа ги договара тие состаноци
- ви го планира целокупното слободното време
- се' во вашиот дом мора да стои онаму каде што таа ќе избере.
- не ви дозволува да имате пријателки