Работи кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на една жена
Врските имаат свои непишани правила за кои толку многу се зборува што навистина е непотребно истите да се објаснуваат. За жал, ќе мораме да ги објасниме повторно, бидејќи некои момчиња едноставно не ги разбираат.
Постојат одредени прашања, фрази и барања кои никогаш не треба да и ги поставите на една жена – дали тоа е со колку мажи била дотогаш, каков бил сексот со нив или што било во врска со нејзината тежина...
#8. „Со колку мажи си била досега?“
Исто како што вие не сакате таа да праша со колку девојки сте биле. Причината заради која не треба да го поставите ова прашање е тоа што нема да сакате да го знаете одговорот. Ништо нема да ви смени дали таа спиеле со многу или малку мажи бидејќи „прифатлив“ број на партнери сигурно не постои.
Наместо тоа прашајте: „Колку долги врски си имала досега?“
Ако веќе се најдете во ситуација да поставите вакво прашање држете се понастрана од секс и прашајте за врските. Ако таа имала 2-3 подолги врски, лесно ќе претпоставите колку партнери имала.
#7. „Сакаш да одиме кај мене?“
Ноќта поминува и состанокот се движи во одлична насока. Не сакате да претпоставувате, па го поставувате прашањето, нудејќи да ја однесете кај вас дома. Секако дека сакате да ја одведете кај вас после состанокот (а таа донела одлука за тоа уште при првата пијачка), но вака поставеното прашање прави да се чувствува како вие во секој случај од очекувате секс.
Наместо тоа речете: „Едноставно чувствувам дека ноќта не треба да заврши овде“.
Ова е одлично заради две парични. Нема прашање на кое треба да одговори, а доколку одговорот е не, не мора веднаш да го одговори и да ја одбие понудата. Втората причина е што тоа остава простор за таа да предложи каде потоа. А тоа може да биде вашиот или нејзиниот дом.
#6. „Треба да го запознаеш моето семејство“
Запознавањето на семејството е многу важна работа за жените. Тоа може да биде меч со две острици – или таа ќе си замине кога ќе го запознае вашето семејство или тоа ќе биде важен чекор напред во врската. Постојат мажи кои едноставно ќе ги однесат девојките дома само за родителите да не им досадуваат со прашања која е девојката со која се гледа.
Наместо тоа речете: „Би сакала ли да го запознаеш моето семејство?“
Таа треба да го запознае твоето семејство, во моментот кога вие сте спремни на тоа, и во моментот кога таа е спремна на тоа. Ако вие сте подготвени не значи дека и таа е подготвена.
#5. „Добро беше?“
Подеднакво лошо прашање како „Со колку мажи си била досега?“. Дури и да сте најлошиот љубовник кој го имала таа ќе излаже и ќе ви каже дека уживала. Па зошто дс прашувате кога го знаете одговорот?
Наместо тоа речете: „Тоа беше одлично“
Ако сакате да знаете колку сте биле добри кажете ѝ дека била одлична. Таа ќе мора да ви одговори на некој начин, но барем нема да мора да лаже.
#4. „Изгледаш ужасно во тој фустан“
Мажите се шегуваат или отворено се жалат за времето кое жените го поминуваат во подготвување. Не мислете дека таа само си седи и чека да дојдат последните 5 минути за да го облече првиот фустан што ќе дојде до рака и ќе излезе. Добриот изглед бара време –од избирање на облека и чевли со шминкање и лакирање на ноктите. Затоа имајте на ум колку време се трудела да изгледа убаво пред да кажете лош коментар.
Наместо тоа речете: „Можеби е до мене, ама не ми се допаѓа баш многу тој фустан“
Кажано на овој начин звучи како да го критикувате фустанот, а не личноста која го носи. Ако не ви се допаѓа што било на неа, обвинете го неубавиот материјал или чудниот модел но никогаш неа.
#3. „Си качила некој килограм?“
За ова навистина не треба објаснување. Ако се здебелила сигурно е веќе свесна за тоа. Последното нешто кое ѝ треба е нејзиното момче да ѝ го посочи тоа.
Наместо тоа речете: „Да одиме на трчање денеска. Чувствувам како да сум излегол од форма.“
Ако навистина се здебелила вашата цел е да ја поттикнете да вежба и да се храни поздраво. Најдобар начин да го направите тоа е да се насочите кон спортски активности заедно.
#2. „Не ми се допаѓаат твоите пријатели“
Можеби не ви се допаѓаат нејзините пријатели, нема ништо чудно во тоа. Всушност ниту таа не ги сака баш многу вашите пријатели, но сигурно нема да го каже тоа веднаш. Освен ако тие лошо влијаат на неа или прават работи кои ја загрозуваат вашата врска, не постои ништо што можете да го направите во однос на нејзините пријатели.
Наместо тоа речете: „Треба да запознаваме и нови луѓе“
Секој пар има други парови со кои постојано се дружи. Тие парови често се групираат во тимови на мажи и жени и новиот пар со кој ќе почнете да се дружите може да биде совршено решение за вашиот проблем со нејзините пријатели.
#1. „Мојата поранешна девојка го правеше ова во кревет. Може да го правиш и ти?“
Сите ние имаме свои сексуални фетиши. Не постои причина да не му ги откриете истите на вашиот сексуален партнер. Ништо не ја убива желбата за секс повеќе од споредувањето со некој друг пред вас.
Наместо тоа речете: „Да го пробаме ова вечерва“
Не постои никаква причина да ја споменувате вашата поранешна девојка освен ако таа не ве праша нешто конкретно за неа. Вашата девојка знае дека фетишите доаѓаат од претходните искуства (зарем мислите дека таа нема желби кои претходниот дечко ѝ ги исполнувал) па едноставно кажете ѝ што сакате и останете на тоа.
М. С. | Црнобело