Успешно ја запросив мојата девојка: Какви совети имам да понудам?

7. Можам да ја запросам на спортски настан?

НЕ!

uspeshno-ja-zaprosiv-mojata-devojka-i-eve-kakvi-soveti-imam-da-dadam-2.jpg

8. Не?

Постои само еден исклучок кога можете да го направите тоа, ако така сте се запознале или сте имале неверојатно романтичен прв состанок токму на стадионот.

Плус, знаете дека вашето запросување ќе треба да го поминете на 2-часовен спортски настан? Сигурни сте дека вашата партнерка сака еден од поубавите денови во нејзиниот живот да го помине во чекање на тоа кој ќе победи?


9. Не сакам да потрошам цело богатство за свечена вечера. Како можам да го направам моментот посебен?

Цвеќиња. Домашна храна која сами сте ја зготвиле. Добро шише вино. Облечете нешто посвечено. Клекнете на колено. Не претерувајте со долг говор - две три важни реченици. Не треба да потрошите многу пари за да кажете „Те сакам“. Да не заборавиме, љубовта не се мери со пари.


10. Колку треба да потрошам за вереничкиот прстен?

„Заборавете на тоа што го препорачуваат златарите дека треба да потрошите неколку плати. Тие ги продаваат дијамантите - нормално дека сакаат да потрошите повеќе.

Ова ми помогна мене - истражете кои се популарни прстени и колку чинат - на крајот одлучете дали сакате дијамант, прстен без дијамант или воопшто нема да употребите прстен - ваша е одлуката. Можеби токму тоа го посакува вашата сакана“.

И понатаму продолжува со својата приказна: „Еве што ми се случи мене. Се договоривме со мојата сакана дека кога ќе дојде тој момент јас ненадејно ќе ја запросам, а потоа заедно ќе го одбереме прстенот.

Прстенот кој ѝ се допаѓаше беше едноставно прескап - 25.000 долари. Во тој период мислев дека нема ни за свадбата да потрошам толку пари, а не за прстенот. Случајно открив место каде ги прават истите прстени, но не се брендирани, па се поевтини.

Затоа, добро истражете пред да купите нешто“.

uspeshno-ja-zaprosiv-mojata-devojka-i-eve-kakvi-soveti-imam-da-dadam-3.jpg

11. Откако ќе се венчаме, на кого треба да кажам?

Вие одбирате кога и на кого ќе кажете дека сте се вериле. Можете да кажете на семејството прво или да направите една фотка на Инстаграм. Ваше е да одлучите што ќе правите.


12. Дали морам да ставам фотографија на Фејсбук?

„И ова останува на вас. Ако сакате да го срушите рекордот на лајкови кои сте ги имале дотогаш можете да го направите тоа. Но, запомнете го ова. Во деновите кои следат можете да добиете по некој чудна порака од луѓе кои сте ги заборавиле или со кои не сте се слушнале и од средно“ - објаснува Ден.


13. Што треба да правам со моите родители? Мислам дека ќе полудат.

„Не си далеку од вистината - ќе полудат. Секој има семејство кое знае да биде малку чудно, а ова посебно се изразува кога доаѓа период за планирање на свадба.

Исто така, првиот момент кога ќе спомнете, очекувајте да го добиете прашање: Одбравте дата? Ова прашање е неизбежно, како „Дали најде работа?“ откако ќе завршите со факултет“.


14. Дали треба да се верам? Дали сум подготвен за ова?

Дали имаш девојка? Те прави најсреќен на светот? Дали ти недостига кога не е покрај тебе? Дали си подготвен да бидеш верен на оваа личност до крајот на твојот живот? Уште поважно - сте биле некаде заедно на патување?

„Ова е советот од мојата мајка: Ако патувате некаде заедно, на некое непознато место и се вратите вљубени, а не скарани, тогаш веројатно сте судени еден за друг“ - заклучува тој.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg