Успешно ја запросив мојата девојка: Какви совети имам да понудам?

Ден Ошински пред неколку месеци ја запросил својата девојка, па сега дава интересни совети за тоа како успешно да ја запросите вашата девојка.

uspeshno-ja-zaprosiv-mojata-devojka-i-eve-kakvi-soveti-imam-da-dadam-01.jpg

Еве што вели тој:

„Мојата девојка ја запросив пред неколку месеци. Дома. Цвеќиња, мечиња и малку „направи сам“ проекти беа вклучени во целиот процес. Таа кажа „Да“.

Но, месеци пред да се случи тоа, имав милион прашања во главата и не можев да најдам соодветен одговор на истите. Од она што јас го научив, потребно е да си одговорите на неколку работи пред да започнете со подготовките“ - објаснува тој.

1. Каде да ја запросам? Во јавност или дома?

„Постои една работа за која филмовите се во право, а тоа е дека ќе бидете нервозни. Истиот момент кога ќе го извадите прстенот и вашата девојка ќе има некаква реакција (да се надеваме позитивна). Па затоа, важно е да најдете место каде ќе се чувствувате комфорно“ - објаснува Ошински.


2. Дали навистина можам да ја запросам дома, на нашиот кауч?

„Секако дека да. Можете да ја запросите додека седите и уживате на каучот облечени во тренерки. Она што е важно е да знаете какво запросување сака вашата партнерка“.

Веројатно ова веќе го знаете, важно е да откриете што вашата сакана навистина посакува, како си го замислува идеалното запросување. Важно е самиот момент да остане запаметен и од двете страни.

uspeshno-ja-zaprosiv-mojata-devojka-i-eve-kakvi-soveti-imam-da-dadam-1.jpg

3. Како ќе дознаам што сака мојата партнерка?

„Не мора директно да ја прашате. Можете да искористите некое запросување на вашите пријатели и преку дискусијата за тоа запросување да откриете што навистина ѝ се допаѓа. Прашајте ја што и се допаднало, што не - што би направила поразлично?“ - советува Ден.


4. Разговаравме, но сè уште не сум сигурен што сака. Што треба да направам?

Запрашајте се: Што мојата сакана ќе посака да направи по запросувањето? Ќе заплаче? Ќе вреска и ќе сака на своите да им каже? Дали ќе сака да бидете сами, да си кажете „Те сакам“ и да се воодушевува на прстенот?

Ако на вашата партнерка воопшто не ѝ е важно дали запросувањето е јавно или приватно, направете го таму каде и двајцата ќе се чувствувате комфорно и сигурно.


5. Дали постои уште нешто што треба да влијае на мојата одлука?

Одговорот е едноставен, да! Ако ја запросите дома, можете веднаш да имате секс. Замислете: Сте ја направиле најромантичната работа на светот, вашата партнерка не може да поверува прстенот колку е прекрасен и секако...

Или можете да ја запросите пред семејството и целата вечер да ја пројдете во разговор со нејзината мајка. Изборот е ваш!“ - додава тој.


6. Кога треба да ја запросам? Навечер?

„Моментот, дента кога дефинитивно ќе се одлучите да го направите тоа, колку повеќе чекате да ја запросите, толку потежок ќе станува прстенот во вашиот џеб. Целиот ден ќе го поминете во размислување околу тоа што точно да кажете, ќе се грижите дали нешто нема да испадне според планот...

Јас лично преферирам утринско запросување. Се будите и првата работа која ја правите тоа утро е запросувањето - целиот ден станува мини прослава за вашата веридба. Чувството е неверојатно.

Од друга страна пак, вечерното запросување е класика...

Сепак, останува на вас...“ - зборува од лично искуство.

Што следно останува да се запрашате? Преминете на следната страна за да откриете...



Би можело да ве интересира:

Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg