10 сигнали дека му се допаѓате

Понекогаш мажите е тешко да се прочитаат, па може да биде мошне комплицирано да откриете дали навистина му се допаѓате. Еве 10 сигурни сигнали...

 

... по кои ќе познаете дали му се допаѓате:

1. Ви признал и храбро ви раскажал за некоја ситуација во која се посрамил или се нашол во непријатна ситуација. На тој начин тој пробува истовремено да ве насмее но и да ви покаже дека е личност со чувства.

2. Кога разговара со вас, секогаш е насмеан. А насмевката на лице му стои и кога ве гледа од далечина.

3. Се обидува од вашите заеднички пријатели да дознае што повеќе информации за вас. А вашите најдобри другарки 10-signali-deka-mu-se-dopagate1пробува да ги осови и да им се претстави во најдобро можно светло.

4. Ја користи секоја прилика за да исконтактира со вас.

5. Не ви одговара веднаш на пораките, туку имате чувство дека претпазливо и долго осмислува што ќе напише.

6. Секогаш нешто "дрдори" кога е со вас. Тоа значи дека ве чувствува блиски, сака да дознае што повеќе за вас, но и да ви раскажува за себе. Често избрзува и ги помешува зборовите, значи дека има трема и се труди да ве импресионира.

7. Неочекувано се појавува на некои места на кои знае или претпоставува дека може да ве сретне. Симпатично е да организира неколку "случајни" средби, но не и ако постојано ве следи кај и да се движите.

Во тој случај бидете претпазливи, направете разлика помеѓу манијакална опседнатост и нешто што понекогаш е симпатично.

8. Мислите ли вие самите дека му се допаѓате? Женскиот инстинкт ретко греши.

9. Им раскажал на своите пријатели дека му се допаѓате.

10. Дали сте среќна личност? На кому не би му се допаѓале ако сте позитивна личност!? Вистинската убавина доаѓа одвнатре, а сите сакаат да се дружат со позитивни и убави луѓе.

Би можело да ве интересира:

Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg