13 видови секс
Причините за сексуален однос и начинот на кој го остваруваме варираат од личност до личност. Кога е сексот во прашање најлошо е да постои рутина, едноличност...
...неинвентивност. Ако сакате квалитетен интимен живот, морате да поработите на разновидноста и да се препуштите на фантазијата.
Во реалниот свет на патот кон оргазам тргнуваме од многу различни причини. Дали се исправни или не, е релативна работа.
1. Див секс: гребете, плукате, врискате, дишете гласно...воглавно се крши нешто. Проработуваат животинските инстинкти.
2. Секс од омраза: можеби имате сексуално пренослива болест која со задоволство би ја поделиле со него/неа, или сакате да се заљуби во вас па потоа да му/и го скршите срцето.
3. Пијан секс: постои можност наредниот ден да се разбудите во неговиот/ нејзиниот дом, а на ништо да не се сеќавате. Често пати пијаниот секс доведува до непријатни ситуации.
4. Секс на една ноќ: Внимателно облечете се, полека на прсти до вратата и бегате брзо за да не ви го побара бројот ако се разбуди.
5. Уморен секс: се чувствувате како да сте парче дрво кое лежи во креветот, уморни сте и поспани и воопшто не сте креативни. За разлика од вашиот партнер...
6. Секс од благодарност: ако не знаете како да се заблагодарите за направената услуга, денес воопшто не треба да се замислите.
7. Секс од жалост: ако не сте донирале за хендикепираните деца, својот долг кон човештвото можете да го исплатите преку среќникот кој со месеи ви праќа пораки и ви се јавува.
8. Утрински секс: нема ништо подобро од ова, ако ги заборавиме главоболката, подочниците и непријатниот здив.
9. Секс на денот на венчањето: некои по венчавката се уморни и одвај чекаат да заспијат – но, како ќе ви тргне бракот без секс?
10. Секс на брзинка – или секс на екс. Не постојат подобро искористени 5 слободни минути.
11. Секс по телефон: воздишки, секси разговор ммм одлично е чувството.
12. Прв секс: во спалната на родителите или во тоалет на дискотека – сепак нема никогаш да го заборавите.
13. Лош секс: Постои 1001 начин како сексот да се претвори во мачнина. Сигурно ви е познат барем 1.