Кога таа ви “глуми“ мајка
Мажите не разбираат зошто некои жени имаат потреба да се однесуваат кон нив како кон деца. Додека сте биле на почетокот од врската таа најверојатно...
...била независна, флексибилна и пријатна, меѓутоа штом врската стана сериозна таа се претвори во ваша втора мајка и ве третира како дете.
Секако, постојат и некои предности во овој однос, но наредбите и држењето лекции сигурно не спаѓаат тука.
Како да го решите овој проблем?
Ако кон вас се однесува како кон дете, веројатно воочила некои детски карактеристики.
За да ги прекинете нејзините мајчински инстинкти однесувајте се како возрасен маж, а не како дете. Демонстрирајте дека сте силни, независни и сигурни во себе.
За да ги вратите работите во нормала, мора да почнете да се однесувате во склад со своите години. Ако можете рационално да го објасните своето однесување и желби, направете го тоа секогаш.
А, ако не можете да смислите ниту едно зрело објаснување за своето однесување – тогаш откажете се. Ќе го исправите следниот пат кога ќе имате можност.
Факт е дека без оглед на се – таа тоа го прави од љубов. Се грижи за вас. Иако оваа грижа може да биде премногу мајчинска и понекогаш претерана, обидете се да не се расправате во ваква ситуација.
Објаснете дека сте возрасна личност и знаете што правите. Додадете дека ја цените нејзината грижа и совети кои ви ги дава, но сепак одлуките сакате да ги носите сами.