Прв впечаток за 6 секунди
Првиот впечаток е важен и секогаш се трудиме да биде најдобар. Но, што им е важно на мажите? Според една нова студија се смета дека првиот...
...впечаток се создава за само 6 секунди. Што е она што мажите го воочуваат прво?
1. Насмевката
Таа остава впечаток дека сте пријатна и достапна личност која е добро друштво.
2. Косата
Се смета за најдостапно оружје за заведување. Ако вашата е уредна секогаш – тоа ќе го очекувате и од него.
3. Ставот
Тука се вбројува физичкиот изглед, односно атрибутите. Згодна девојка која е подгрбавена, срамежлива и изгубена, сигурно нема да остави ист впечаток со жена која се носи самоуверено и оптимистички.
4. Шминката
Тврдат дека не ја забележуваат, а истражувањето покажува спротивно. Мажите и тоа како забележуваат ако сте прејако нашминкани. Немојте да бидете како божиќна елка
5. Кожата
Ако сте претерале на солариум, ако кожата ви е груба – нема да го привлечете со сигурност ви гарантираме.
Затоа, убаво подгответе се за првиот впечаток.