Кога надвор е премногу ладно: Идеи за состаноци во зима
Зимата е период од годината кога едноставно не ви се излегува надвор, бидејќи е премногу студено, но тоа не значи дека треба да се откажете од состаноците со партнерот.
Премногу е ладно и не знаете каде да одите на состанок?
Еве неколку идеи:
1. Одете на лизгање
Лизгалиште и топло чоколадо плус слатки комбинации на облека за оваа пригода.
2. Состанок во топла спа бања
Сè си кажува самиот состанок.
3. Одете на санкање
Сигурно имате некоја санка од детството... еве одлична можност да ја искористите повторно.
4. Гледајте филмови во топлината на вашиот дом
Двајцата може да си го одберете омилениот филм и омилените грицки и слатки работи и да уживате.
5. Направете слатки десерти и уживајте во нив
Ќе се забавувате додека ги правите, а потоа и ќе уживате во нивниот вкус.
М. Д. | Црнобело