При првиот телефонски повик...

Конечно го добивте нејзиниот телефонски број и одвај чекате да и се јавите. Внимателно - првото јавување и разговор е многу важен. Постојат неколку...

 

... правила на кои треба да се придржувате за овој прв телефонски разговор да биде успешен:

1. Разговорот нека биде краток
Без разлика на тоа дали сте навистина зафатени или не, потрудете се да звучите како личност која не троши премногу време на долги телефонски јавувања. Оставете впечаток на маж кој води динамичен, исполнет живот, а не на некој кој не знае што со себе. Краткиот разговор е важен и затоа што остава многу работи некажани, така што таа ќе посака повторно да ве слушне, или пак да ви предложи средба за да имате повеќе време за разговор и запознавање.

2. Бидете позитивен
Повеќето жени сакаат долги телефонски разговори, но ако за сето тоа време вие и се жалите за здравјето, работата, фамилијата, финансиските проблеми - таа ќе зажали што воопшто ти го дала својот број. Трудете се да звучите позитивно. Разговарајте за убави работи, и ширете позитивна енергија. Таквата енергија е заразна - таа ќе сака секогаш да е во ваше присуство.

pri-prviot-telefonski-povik1


3. Не ја барајте "само онака"
Ако ја побарате со изговор дека само сакате да и го слушнете гласот и ништо повеќе, голема е веројатноста дека наредниот пат таа нема да ви крене. Жените сакаат одлучни мажи, кои имаат план и сакаат "телефонски игри". Затоа јавете и се  и предложете и средба во вашиот омилен ресторан. Дали ќе ја поканите на ручек, вечера или можеби во кино или на прошета - зависи од вас, или пак можете неа да ја запрашајте каде таа би сакала да се видите. Ако ве одбие, не тагувајте - може во тој момент има нешто навистина неодложливо.

4. Ако таа не ви одговара на телефонските повици...
Ако не ви одговори на првиот повик, можеби е зафатена или не го слуша телефонот. Побарајте ја повторно за 1 час. Ако и тогаш не ја добиете, побарајте ја наредниот ден, а потоа повеќе не ѕвонете. Ако и после овој трет телефонски повик не ви крене, не ја барајте повеќе. Веројатно не сака да ви се јави. Ако ја барате на мобилниот телефон, таа ќе види дека сте ја барале и ако сака - таа ќе ве побара назад.

5. Не ја барајте во текот на работното време
Не ја барајте во текот на работното време, бидејќи може да се случи таа да не биде сконцентрирана на разговорот и тој да биде неуспешен. Исто така, може да помисли дека сте толку заинтересирани за неа, што дури и за време на работното време не можете да престанете да размислувате на неа. Не ја барајте ни доцна во ноќта. Можеби ќе ја разбудите, а некои личности на тоа реагираат бурно.

6. Ако оставате порака, бидете конкретни
Говорната порака мора да биде кратка и конкретна. Ако немате конкретен предлог, кажете и нешто духовито или убаво, но тоа нека не биде некоја лирска песна од 12 стихови или виц кој трае, трае и трае...

Многумина се збунуваат кога треба да остават говорна порака, но не и вие - бидејќи вие се подготвивте. Најпрво претставете се по име а потоа прашајте ја кога и каде може да се видите. На крај, оставете го вашиот телефонски број, но само бројот; не и вашата електронска пошта, службениот број, корисничкото име на скајп, вашиот фејсбук профил - не дозволувајте да изгледате очајнички!

7. Крајот нека биде интересен
Без разлика на тоа за што сте разговарале, вицови, приказни, на крајот на разговорот добар изведете некој добар трик на кој таа ќе се сеќава и ќе посака повторно да ве слушне и види, бидејќи вие сте некој кој ја засмејува и ја развеселува!

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg