Евтини идеи за состанок
Сакате да ја одведете во убав ресторан на вечера или на некое посебно место, но за тоа немате пари. Нека не ве загрижува што нема да биде тоа скап состанок.
Еве неколку идеи со кои ќе ја воодушевите партнерката и ќе и овозможите незаборавно време речиси бесплатно!
1. Бидете оригинални. Размислете каде не сте биле до сега или најдете некое убаво место во природа.
Купете шише вино, грицки и одете на некое чудесно место. Едноставно, романтично, евтино. Дали ќе се воодушеви? Пробајте!
2. Рекреација. Уживајте на чист воздух. Возете велосипеди, шетајте по снегот, санкајте се на некое брдо. Уживајте во заедничкото рекреирање.
3. Покажете и ја својата нежна страна. Имате куче? Жените сакаат мажи кои чуваат животни. Искористете го и шетајте го заедно.
Ова би било опуштен и забавен состанок. Ако нешто не испадне добро, секогаш можете да го обвините кутрето
4. Одведете ја во кино. Денеска ова и не е баш некоја евтина варијанта кај нас, но ете би било убаво. Ако не, повикајте ја на маратонско гледање филмчиња кај вас.
Факт е дека постојат доста можности за евтин состанок. Размислете – водете се од тоа да бидете оригинални и едноставни. Не комплицирајте!