15 работи за кои секој пар мора искрено да разговара пред бракот

Кога е во прашање бракот, најважно правило е да бидете отворени и да комуницирате. Постојат парови кои по само неколку дена знаат дека ќе останат засекогаш заедно, а постојат и такви кои и после 20 години брак не се сигурни дали ќе останат засекогаш заедно.

15-raboti-za-koi-sekoj-par-mora-iskreno-da-razgovara-pred-brakot-001.jpg

Дури и тогаш кога неизмерно се сакате и ви се чини дека никакви проблеми и недоразбирања нема да има меѓу вас, постојат мали ситници кои можат да предизвикаат сериозни расправии кои со текот на времето може да доведат до непомирливо разделување.

Токму затоа, пред да ја донесете една од најважните одлуки, треба да седнете и искрено да поразговарате за важните прашања околу заедничката иднина.

Ова се основните 15:

1. Долгови

Колкави се, чии се и кои се плановите за нивна отплата?


2. Деца

Дали сакате да имате деца? Ако да, тогаш колку? Кога е вистинско време за дете? Што ако не можете да зачнете?


3. Локација

Каде сакате да живеете? Дали би се селеле и имате ли можност за тоа?


4. Религија

Ако сте верник, колку ви е важно и вашиот партнер да го дели вашето мислење околу религијата? Ако имате деца, дали уште од мали ќе ги учите да бидат религиозни?


5. Опремување на станот

Браковите секојдневно се растураат поради малите расправии кои можат да настанат како резултат на тоа како паровите замислуваат дека треба да изгледа домот. Размислете, дали вреди?


6. Дом од соништата

Домот е местото каде ќе го поминете најголемиот дел од вашиот заеднички живот, па важно е да се согласувате околу тоа како треба да изгледа и каде треба да биде сместен.

15-raboti-za-koi-sekoj-par-mora-iskreno-da-razgovara-pred-brakot-02.jpg

7. Распределба на трошоците

Дали ќе имате заедничка сметка во банка или парите ќе ги чувате на посебни сметки? Дали секој од вас двајца ќе издвојува пари за сметките или за тоа ќе биде задолжен оној кој повеќе заработува? Што ако некој остане без работа? Многу е важно финансиските прашања да ги решите веднаш.


8. Распределба на домашните обврски

Миење садови, бришење, перење, пеглање... Дали е во ред само еден од партнерите да биде одговорен за тие задачи? Како ќе ги поделите? Најдобро е да ги поделите според тоа кои обврски не ви пречат за извршување, но ако постои обврска која и двајцата не ја сакате, тогаш најдете компромис кој ќе ја работи. Или можете да си дадете одредена мотивација за еден од партнерите да ја извршува активноста.

Уште 7 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg