Последици од сексот
Покрај задоволството кое го добиваме, маратонското водење љубов освен неколку модрици и воспалени мускули, може да предизвика и посериозни...
...проблеми.Можеби сте се сретнале со некои од нив, ако не, еве еден вид на предупредување.
1. Модрици
Понесени од возбудата и страста не внимавате дека нешто ве боде под вас или дека се удирате во нешто. Модриците најчесто на колената, грбот и лактите, после маратонскиот секс се незибежни. Вие префрлувајќи се од кревет па на под, маса, стол не ни ја чувствувате болката.
2. Воспаление на мускулите
И сексот е еден вид физичка активност при која се лачи млечна киселина во мускулите која предизвикува воспаление и умор. Бидејќи некои пози бараат и потпирање на рацете може да се појават и болки во зглобовите.
3. Генитални ранички
Долготрајната вагинална пенетрација може да биде доста незгодна и болна за жените. Како недостаток на влажност или лубрикант, се создава триење при што осетливата слузокожа на вагината се оптегнува. Така се создаваат мали ранички и имате чувство на силно печење. Затоа или користете повеќе лубриканти или повремено правете пауза.
4. Дехидрација
За време на сексот се зголемува работата на срцето, се покачува телесната температура и за да се доведе во нормала телото го зголемува потењето. На тој начин се губи голем дел од течностите што би требало да се надокнадат со вода. Дехидратацијата особено се забрзува доколку пред или во текот на сексот конзумирате алкохол. Познато е дека алкохолот ја врзува водата. Доколку почувствувате главоболка, прекинете, напијте се две чаши вода и продолжете.
5. Инфекција на уринарниот тракт
Многу жени, по неколку часовните сексуални сеанси, добиваат инфекција на уринарниот тракт како резултат на нарушената микрофлора на вагината. За да се избегне ваквиот проблем се препорачува пред и после сексот, да го испразните мочниот меур и да пиете многу вода како би се прочистиле.
6. Болки во кичмата
Причина е непријатната секс положба. Гледајте да ви биде удобно, не правете акробатски движења. Не ги напнувајте мускулите, гледајте телото да го држите во природна положба. Како превенција користете масажа или миризлива купка.
7. Оштетување на нервите
Човечкото тело може многу да поднесе, но со органите кои ни го даваат најголемото задоволство, треба внимателно да се постапува. Предолгото и грубо стимулирање може да има последици. Слушајте го вашето тело и покажете му на партнерот како ви е убаво.
8. Ослабен вид
Крвниот притисок се зголемува во текот на сексот, затоа чести се случаите на пукање на очните жилички. На краток рок тоа влијае на острината на видот. За среќа ваквата оштета брзо се регенерира.
9. Срцев удар
Колку пати сте слушнале како некој старец починал додека имал секс. Навистина сексот прави силно да чука срцето и да се качи притисокот и кај постарите може да предизвика удар. Но, сепак поточно е дека сексот е одлична вежба за здраво срце.