Секс предизвик: Експеримент од 30 дена кој прави чуда за секоја врска
Заборавете на спортските предизвици, затоа што ова лето има нов тренд - секс предизвик.
Тој подразбира секојдневен секс точно 30 дена, што според стручњаците, би требало да го елиминира „сушниот период“ и да ја зголеми блискоста меѓу партнерите.
„За почеток можете да бидете умерени и да се обидете да водите љубов 7 или 10 дена секојдневно, па да видите како ќе се чувствувате,“ вели Нил, брачен терапевт.
Можеби ќе ви се допадне идејата за закажан секс, но може и да ви се чини тотално непривлечно. Затоа, важно е да разговарате со партнерот и да ја гледате пошироката слика.
Никогаш не е добро нешто да морате на сила да правите, а најмалку ако има сексуална конотација.
Неодамнешното истражување покажува дека паровите кои биле приморани двојно да го зголемат бројот на сексуални активности, имале благ пад во расположението и среќата.
Како да го исцрпите само позитивниот ефект од овој предизвик? Кажете го искрено и отворено. Не кријте дека сакате да го започнете.
„Кажете му/и дека сакате да имате секс секој ден. Дали би се сложил/а со тоа? И дали би му/и пречело?,“ советува Нил и додава дека доколку сте жена, голема е веројатноста партнерот да е позитивно зачуден што сакате секој ден да водите љубов со него.
Важна напомена: Запаметете дека секс предизвикот не може да ги реши поголемите и длабоки проблеми во врската.
„Ова не е за секој пар и по секоја цена. Ако се чувствувате дека сте ја изгубиле блискоста заради непочитување или недоверба, тогаш сексот нема да ве направи посреќни.“
Поточно, никогаш не го користете сексот како метода да си ја излечите врската, туку како забавен начин за повторно да се поврзете и зближите.