Една жена открива: Што се случи кога цел ден јадев храна која ми го покачуваше либидото?
Корин Милер во консултација со клиничкиот сексолог Кет ван Кирк, авторката на книгата „The married sex solution“, решила да направи експеримент каде цел ден јадела само афродизијаци.
„Отсекогаш сум била заинтересирана за афродизијаците, односно храната која го зголемува либидото. Се што сум читала за нив звучело фантастично. И порано сум ги консумирала, но на мене немале никакво влијание. Затоа одлучив да ги пробам сите одеднаш.“
Бројните истражувања покажуваат дека афродизијаците доведуваат до подобар проток на крв во гениталиите и на тој начин целото тело испушта биохемиски материи кои помагаат во опуштањето на организмот и зголемувањето на желбата за секс, енергијата, телесната температура и срце биењето.
Корин посветила еден ден на афродизијаците и ова се нејзините впечатоци.
Нејзиното мени се состоело од:
1. Појадок
За појадок консумирала банани со мед и кафе затоа што, бананите се полни во витамин B и калиум кои се важни за производството на хормоните кои влијаат на сексуалната желба. А зошто кафе? Некои истражувања покажуваат дека кафето кај женските стаорци ја зголемува желбата на женките за репродукција.
2. Ужина
Ужината и се состоела од една рака семки од тиква и пола авокадо. Причината за токму овој избор лежи во тоа што семките од тиква се богати со магнезиум. Магнезуимот влијае на намалувањето на нивоата на анксиозност и зголемувањето на производството на сексуалните хормони. Авокадото содржи високо нивно на витаминот Е кој влијае на енергијата.
3. Ручек
Изборот за ручек се состоел од сирови остриги и шампањ. Остригите се богати со минералот цинк кој влијае на желбата за секс. Остригите содржат високо ниво на амино киселини кои влијаат на лачењето на сексуалните хормони. Шампањот го пиела затоа што според неа тоа е алкохолниот пијалак за преку ден и затоа што алкохолот доведува до опуштање и подобро расположение.
4. Ужина
Втората ужина била составена од колачи со цимет и топло чоколадо. Циметот ја покачува телесната температура и се верува дека индиректно на тој начин влијае и на покчувањето на сексуалната желба. Чоколадото влијае на лачењето на хормонот допамин.
5. Вечера
За вечера повторно консумирала остриги и додала лубеница. Истражувачите од Универзитетот A&M од Тексас покажале дека лубеницата има исти ефект на организмот како и вијаграта.
Корин вели дека до крајот на денот не се чувствувала некако поинаку од вообичаеното, ниту пак имала засилена сексуална желба. Сфатила дека на афродизијаците потребно им е време да започнат да дејствуваат во зависност од индивидуалниот метаболизам.
Следниот ден го почувствувала дејствувањето на оваа храна, но вели дека не била прилично „луда“. Продолжува натаму „Само се почувствува поинаку.“ - Вели Корин.
Со овој експеримент покажала дека храната која има дејство на афродизијак не влијае значително на вас. Со сигурност нема да ве претвори во „сексуални манијаци“, но благо ќе ве промени кон поголема желба за секс.