Правила кои мора да ги почитувате ако сте во врска со колешка
Љубовта може да ја пронајдете на разни места, па дури и во канцеларија, започнете ваква романса прочитајте ги овие работи кои мора добро да ги запаметите...
Пред сѐ, би било добро да проверите дали вашата фирма одобрува врски помеѓу вработени, а откако ќе ги утврдите основните правила запомнете ги овие совети:
Како да се однесувате утрото после првиот секс?
Ноќта сте имале жежок секс, а веќе следното утро работите на заеднички проект. Секако дека може да биде непријатно, но вие продолжете да се однесувате како и порано. Нема ниту една причина зошто вашиот однос на работа да се промени.
Запрете ги гласините
Озборувањата веднаш се шират на големо низ компаниите, а доколку оваа девојка навистина ви се допаѓа, тогаш не дозволувајте другите да ви го попречат патот. Колегите не мораат да знаат сѐ за вашата врска, затоа на прашањата одговарајте кратко и јасно.
Кога сте сами заборавете на работата
Целиот ден сте заедно на работа, па зарем и на состанокот ќе зборувате за работата? Сигурно има многу теми за кои можете да зборувате, бидете креативни.
Што после врската?
Ако станувало збор за кратка романса или врска која едноставно не успеала, обидете се да не ја мешате работата и колегите во текот на вашето опоравување. Сочувајте го сожалувањето и тагата откако ќе ви заврши работното време.