Пријателство меѓу маж и жена
Вечна тема - вечна дилема: Дали навистина е возможно пријателство помеѓу две личности од спротивен пол? Можат ли мажите и жените да бидат само...
...пријатели и ништо повеќе?
Психолозите велат дека најголемата пречка за пријателството помеѓу половите е сексуалната привлечност.
Експертите сметаат дека мажите и жените не го разбираат пријателството на ист начин. За жените пријателството се заснова на доверба, а ако жената е вљубена, исполената и задоволна од својот партнер, никогаш нема својот машки пријател да го доживее како сексуален објект.
Кај мажите пак, довербата не игра голема улога во односот со жена со која не се во сексуална врска. Мажите речиси секогаш го имаат сексот на ум и дури и тогаш кога ништо не се случува, мажот секогаш некаде во позадина на пријателството го наѕира сексот.
Кога мажот се труди да одржува и развива пријателски однос со жена, тоа најчесто го прави за да во неа побуди желба за нешто повеќе.
Од друга страна пак, многу разбирливо е дека ако некој ви се допаѓа како личност и ги цените неговите карактерни особини, можете многу лесно да го посакате и како партнер во врска.
Но, внимавајте! Жонглирањето помеѓу пријателство и љубов или сексуална привлечност е многу тешко. Најчесто ваквото пријателство или прераснува во врска или се прекинува сосема.
Понекогаш, навистина ретко, пријателството помеѓу маж и жена успева да се одржи и успее. Ваквите случаи се вистинска реткост и треба да се ценат во животот.
Пријателството е лесно да се започне, но навистина е тешко да се одржи. За таков успех потребо е и двете страни да размислуваат само за пријателство и ништо повеќе.
Иако, постои некоја природна незаинтересираност за луѓето кои ги знаеме од детството. Едноставно нив ги знаеме од секогаш и тие најчесто не ни се сексуално привлечни.
Во сите останати случаи по некое непишано правило со тек на време, помеѓу пријателите се појавува сексуалната желба. Дали таа ќе биде искажана и остварена или ќе остане потисната, зависи од нас самите.