Што “меркаат“ мажите?
Доколку е љубител на добра „задница“, мажот за почеток ќе ја одмерка жената од нозете нагоре, се додека не дојде до својот омилен дел. Ако тој...
...е повеќе заинтересиран за „предницата“, најпрвин природно ќе ја погледне жената во очи, а потоа ќе се фокусира на нејзините гради.
Без разлика на тоа дали станува збор за маж кој мерка „од глава до пети“ или пак „од пети до глава“, едно е сигурно, во тој момент тој врши ментално скенирање со цел да се фокусира на омилениот дел во моментот кога тоа ќе му биде овозможено.
Менталната слика која мажот ја меморира во моментот кога гледа женска фигура, се складира во делот од мозокот кој е задолжен за долготрајна меморија и истата може да се повика во секој момент, па дури и неколку години подоцна.
Овој факт е навистина охрабрувачки за жените бидејќи истиот докажува дека мажите се визуелни оптимисти. Тие по природен пат ги прескокнуваат помалку идеалните делови од телото и го гледаат само најдоброто од женската фигура.
Токму затоа жените воопшто не треба да се оптеретуваат со својот вишок на килограми или не така совршеното тело. Женските недостатоци се повеќе лична бариера, отколку машка забелешка. Мажите едноставно скенираат и уживаат.