Гушни ме и се ќе помине!

gusni-me-i-se-ke-pomine-povekjeКога сме нерасположени или тажни една цврста прегратка влијае крајно позитивно, а експертите велат дека за ова постои и научна основа. Имено...

 

...прегратките и утешителните допири навистина помагаат во намалување на болката.

Прегратката може да биде знак дека ни е потребно малку внимание и сигурност, но исто така може да биде вовед во сексуална игра. Затоа еве неколку видови на прегратки.

Опуштена прегратка gusni-me-i-se-ke-pomine

Едно истражување покажа дека паровите кои редовно и спонтано се прегрнуваат не само што имаат поцврста врска туку доживуваат и помалку стрес.

Стресот ги напнува мускулите, па ако сакате мазење кое ќе ве опушти едноставно прегрнете ја саканата личност.

Веднаш ќе ја почувствувате топлината на телата, но ќе почувствувате и дека напнатоста ве напушта.

Прегратка која поврзува

Понекогаш е потребна прегратка за да ја почувствувате поврзаноста со партнерот/ката.

Оваа прегратка најчесто доаѓа после кавга или долг период на раздвоеност. Гушкајќи се ќе го вратите чувството на сигурност и поврзаност.

Сензуална прегратка

Сензуалната прегратка е вовед во интимноста. Допирот на гола кожа ги буди сите сетила и затоа може да биде одлична предигра.

Тоа е оној вид на прегратка кога партнерот/ката можете да го/ја погледнете длабоко во очи. Сензуалната прегратка е знак на сексуална желба и страст.

Бесплатна прегратка

Како вистинска епидемија низ светот се рашири бесплатната прегратка (Free Hugs) кај нас наречена „Гратис гушкање“.

Целата приказна ја започна Huan Man кој кога слетал на сиднејскиот аеродром, немало кој да го пречека и прегрне.

Тогаш тој зел картон и маркер и на картонот напишал дека дели бесплатни прегратки. На почетокот луѓето го гледале чудно, но потоа се приближила една жена, го прегрнала и рекла дека знае како му е.

Токму затоа денес прегрнете некого и не запирајте, продолжете со прегратките!

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg