5 Секси пораки кои ќе го излудат
Без разлика дали станува збор за стандардна СМС порака, или преку некоја социјална мрежа, доколку вашата цел е да го полудите партнерот, тогаш пратете му една од овие...
Овие 5 жешки пораки ќе ви помогнат да ја загреете температурата во спалната соба:
1. „Само за твоите очи...”
Мажите по природа се посесивни. Затоа обожаваат кога ќе знаат дека нешто им припаѓа само на нив. Погрижете се тој да се чувствува како само вие двајца да имате некоја валкана тајна. Испратете му секси селфи со овие зборови и ерекцијата е загарантирана.
2. „Почекај секунда да се облечам...”
Иако со оваа порака не кажувате ништо посебно, сепак во неговата глава ќе се појават лавина фотографии. Тој ќе размислува само за вашето тело и едвај ќе чека да ве види.
3. „Те сонував...”
Дури и ако не сте го сонувале, сепак откако ќе му го кажете ова тој автоматски ќе заклучи дека станува збор за некој жежок и секси сон. Најдобро е да не му откривате премногу детали и да оставите неговата фантазија да си ја заврши работата.
4. „Те сакам и те посакувам во себе...”
Оваа порака вклучува малку романтика и секс, а идејата ја изложил порно глумецот Џејмс Дин. Значи, бидете сигурни дека ќе го излудите.
5. „Вечер кога ќе си дојдеме дома...”
Пораката завршете ја како сакате, а можете да му направите и цело сценарио. Верувајте, цел ден нема да помисли на ништо друго, освен на вас.