Љубовна хармонија
Да се има хармоничен љубовен живот воопшто не е лесно, но ако двајцата имате слични погледи на светот, на пат се кон создавање хармонија.
Пронаоѓање на идеален партнер е вистинскиот начин да се воспостави рамнотежа во животот.
Во хармоничната врска постои неверојатно количество на енергија која може да ја испратите еден на друг, за што се свесни многу мал број на луѓе, а жените помалку отколку мажите.
Психолозите нагласуваат дека старото правило по кое тој се грижи за парите а жената за куќата, повеќе не важи бидејќи многу е поважен нивниот придонес во врската и нивните меѓусебни односи.
Фактот дека во вашата врска се воспоставила рамнотежа се докажува дека вашата врска е добра, но психолозите додаваат дека еден партнер во ова секогаш има помал удел и секогаш постои оној, кој повеќе влече од другиот и оној кој кочи.
Звучи како клише, но новото истражување потврдува дека жените имаат многу подобра интуиција од мажите, подобро претчувствуваат и поинтензивно чувствуваат, а жените подобро знаат што е добро за него. Жените исто така се многу покомуникативни и повеќе ги покажуваат чувствата.
Мажите повеќе се спремни на ризик и се поактивни. Жените испраќаат сигнали, а партнерите делуваат. Што се однесува до финансиите, во повеќето бракови мажите сеуште заработуваат подобро од жените.
Порано, тие се чувствувале моќно, но денес на тоа се гледа различно. Материјалната страна не е поважна од емотивната, но мажите се уште се заштитници и тие се оние кои донесуваат одлуки, иако жените на суптилен начин ги одредуваат правилата.