Време е за искреност: 10 брачни завети кои ќе ја уништат романтиката, но ќе ви го спасат бракот

Најчестите завети кои си ги даваат партнерите на денот на венчавката е дека ќе бидат засекогаш заедно, и во добро и во зло, додека смртта не ги раздели.

vreme-e-za-iskrenost-10-bracni-zaveti-koi-ke-ja-unistat-romantikata-no-ke-vi-go-spasat-brakot-01

Порано тоа навистина се почитувало, но во денешно време звучи како празна фраза кога по неколку години брак ќе се дознаат афери, несогласувања  проблеми, па веднаш се помислува на развод.

Многу малку веќе веруваат во романтиката и секој повеќе би ја ценел искреноста, колку и да звучи едноставно.

Можеби старите романтични завети треба да се заменат со нови кои се многу пореални и можат да ви го спасат бракот:

1. Ветувам дека ќе се изјаснам околу своите очекувања

Многу често браковите се распаѓаат заради разочарување од преголемите очекувања кои не биле јасно кажани и прифатени. Не претпоставувајте дека партнерот ќе знае што сакате, туку кажете му.


2. Ветувам дека ќе ти верувам кога се во прашање парите

Еден од најголемите проблеми во бракот може да бидат заедничките финансии. Пред бракот самостојно располагате со парите и ги трошите за што сакате без никому да полагате сметки. Во бракот е малку поинаку. Но, ако го расчистите тоа на време и знаете дека сте одговорни во однос на моралните трошоци, тогаш треба да си верувате и да не си префрлате за потрошените пари.


3. Ветувам дека пред да ти се развикам ќе каснам нешто

Кога сме гладни сме пораздразливи, па кога сакате да му се развикате на партнерот, подобро е да каснете нешто. Ако и после тоа сè уште сте со истиот став, тогаш развикајте му се, веројатно заслужил.


4. Ветувам дека нема да ти попуштам за подоцна да се свртам против тебе

Не е добро секогаш да си „добриот/та“, само колку да помине моментот. Направете го она што го сакате, наместо да го потиснувате, па да реагирате кога не треба.


5. Ветувам дека ќе те бранам пред другите дури и кога си виновен/на

Иако можеби не се согласувате со партнерот, поддржете го пред другите. Ако имате нешто кое ви пречи, решете го на само. Навредувањето и исмејувањето на партнерот пред другите не е смешно, туку бедно.

vreme-e-za-iskrenost-10-bracni-zaveti-koi-ke-ja-unistat-romantikata-no-ke-vi-go-spasat-brakot1.jpg

6. Ветувам дека ќе се потрудам да те ставам пред децата

Ова ветување е ризично, бидејќи родителите се програмирани да ги заштитуваат децата и тие да им бидат над сите. Но, ова ветување не значи дека треба да ги занемарите децата, туку да најдете време и за партнерот, за да поставите некаков баланс.


7. Ветувам дека јас ќе правам работите кои и двајцата ги мразиме, ако ти ги мразиш повеќе

Можеби двајцата мразите да миете садови, но некој мора. Прифатете вие да ги измиете садовите, додека тој ја брише прашината што не ја поднесувате.


8. Ветувам дека нема да се мериме по бодови

Во бракот нема бодови, победници и губитници. Тоа може само да ве направи несреќни. Подобро простете и заборавете, отколку да броите грешки. Ако некого навистина сакате, ќе најдете начин да му простите, а не да му забележувате.


9. Ветувам дека нема да ти префрлам ако се здебелиш, ослабиш или остариш

Најубавите зборови што може да ги кажете се тие дека би го сакале партнерот како и да изгледа. Зарем тоа е најважното нешто? Кога добро се согласувате и се сакате, доволни сте си сами на себе и не ви е грижа како изгледате пред другите.


10. Ветувам дека твојата среќа ќе ми биде поважна од сопствената

На крајот, сè се сведува на тоа. Во бракот треба да му дадете предност на партнерот, да не бидете себични и да мислите само на себе. Ако имате разбирање еден за друг, навистина ќе бидете среќни додека смртта не ве раздели.

vreme-e-za-iskrenost-10-bracni-zaveti-koi-ke-ja-unistat-romantikata-no-ke-vi-go-spasat-brakot-1.jpg

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg