Заборавете на вежбањето: 4 Секс пози за цврсто и затегнато тело
Сексот има премногу бенефиции, но дали знаете како да го споите корисното и задоволство?
Заборавете на фитнес центрите и пробајте ги следниве пози, кои се сметаат за најуспешни во секоја смисла на зборот.
Постигнете неверојатни резултати и зацврстете си го телото:
1. Варијации на мисионерската поза
Зацврстува: Задник и стомак
Мисионерската поза можеби ви изгледа здодевно, но некои нејзини варијации можат да направат чудо за вашите мускули. Додека ги пробувате, стискајте ги мускулите на задникот и на стомакот за постигнување на најдобри резултати.
2. Секси осмица
Зацврстува: Задник и стомак
Додека лежите на креветот или на подот ставете перница под задникот и подигнете ги колената истовремено стискајќи ги мускулите на стомакот и мускулите кај задникот. За уште подобри резултати, истата поза пробајте ја без употреба на перници.
3. Секс на нозе
Зацврстува: Рака, задник, бутови и листови
Следната поза бара да употребите многу заедничка сила со партнерот, но доколку успеете бидете сигурни дека фитнес центарот нема да ви биде потребен.
Додека стоите еден спроти друг, замотајте ги рацете околу неговите раменици, а нозете околу неговиот струк. Потоа одржувајте ја сопствената тежина на неговото тело, а за уште поголем предизвик стиснете ги мускулите на бутовите и листовите.
4. Мост
Зацврстува: Цело тело
Според стручњаците, оваа поза го зацврстува секој мускул на вашето тело. Легнете на подот со тоа што ќе се потпрете единствено на дланките и стапалата, а горниот дел од телото подигнете го правејќи мост. Дланките треба да ви бидат паралелни со рамениците. Секако во оваа поза можете да останете само кратко време, но и за само неколку секунди ќе постигнете задоволителни резултати.